Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 11.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA).