среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена прегазена во Прилеп, им подлегнала на повредите во болница

Жена прегазена во Прилеп, им подлегнала на повредите во болница

Сообраќајна несреќа во која животот го загуби пешак се случила вчера околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“.

С. Т. од Прилеп, управувајќи товарно возило „Киа Бета“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.П. (71) од Прилеп.

Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.