Во финишот на преодниот рок францускиот шампион спрема мега трансфер, во Париз би требало да пристигне можеби најдобриот дефанзивец на Баерн Минхен и на Германија.
Жером Боатенг е на прагот на трансфер во ПСЖ. За стоперот на Баерн заинтересиран беше Манчестер Јунајтед, но од таму понудија онолку колку што во Минхен би сакале. Меѓутоа, ПСЖ проблеми со парите нема, а дека трансферот би можел да биде реализиран потврди претседателот на клубот Ули Хенес.
-Постојат реални шанси трансферот да се оствари. Жером го извести Карл Хајнц Румениге дека сака да си замине. Ќе се однесуваме во склад со тоа, ќе најдеме и доведеме негова замена, изјави Хенес.