Нури пред несреќата одигра 15 натпревари за Ајакс во шампионатот на Холандија, постигнувајќи и гол на дебито против Вилјем 2.
Абделхак Нури, младиот фудбалер на Ајакс, ова утро после една година, се разбуди од кома и ги препознал членовите на своето семејство.
21 годишниот играч од средниот ред,кој колабираше минатата година во текот на пријателскиот меч со Вердер Бремен и на кого тогаш му беше дијагностицирано трајно оштетување на мозокот, јасно е дека никогаш нема да може повеќе да заигра фудбал, но неговото будење и посебно тоа што ги препознал своите најблиски е големо чудо, за кое цела година се молеа сите фудбалски фанови низ светот.
Нури важеше за еден од најголемите таленти од славната школа на Ајакс, но неговото колабирање и трајното оштетување на мозокот, уништи голем фудбалски потенцијал, едногласни се експертите.