среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лацио му ја зголемува платата на Имобиле за 700 илјади евра

Лацио му ја зголемува платата на Имобиле за 700 илјади евра

Калчолигашот Лацио ќе го продолжи договорот со напаѓачот Чиро Имобили, објави „Газета Дело Спорт“. Според италијанскиот весник, 28-годишниот Имобиле ќе потпише договор со важност до 2023 година.

Платата на напаѓачот ќе се зголеми од 2,5 на 3,2 милиони евра годишно.

Имобиле настапува за Лацио од 2016 година. Минатата сезона тој одигра 47 натпревари за римскиот клуб и постигна 41 гол.