недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

„Кога и да ја гледа оваа глетка, неподвижниот Шумахер плаче“, открива негов братучед (ФОТО)

„Кога и да ја гледа оваа глетка, неподвижниот Шумахер плаче“, открива негов братучед (ФОТО)

Семејството на седумкратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, генерално, ги негира сите информации што се појавуваат во медиумите, а најновата е дека се огласил близок роднина на еден од најдобрите пилоти во историјата на спортот, кој открива нови детали.

Неколку месеци Михаел Шумахер беше во кома, а семејството, кое го тужи магазинот „Бунт“, открива во судот дека Шумахер не е во можност да оди дури ни со помош на физиотерапевт.

– Судот заклучи дека информациите за тоа како Шумахер може да се движе со помош на физиотерапевт, се невистинити, кратко тогаш објасни судијката Симоне Кафер и досуди списанието да му плати оштета од 50 илјади евра на семејството на Шумахер.

Сега францускиот „Париз меч“ објави интервју со неименуван член на семејството Шумахер, кој потврдил дека легендарниот возачот не може да оди.

– Тој е свесен за сè. Кога во инвалидска количка ќе го одведат до прозорецот и кога ќе ја види убавата панорама што го опкружува, Михаел постојано плаче, изјавил наводен братучед на поранешниот пилот на Ферари за францускиот медиум.

Шумахер, кој ќе наполни 50 години во јануари следната година, пред пет години доживеа несреќа при скијање во францускиот центар Мерибел, по што беше со месеци во кома, од која тој се разбуди во јуни 2014 година и од Гренобл е префрлен во Лозана. Во септември истата година беше пуштен за домашно лекување.

Куќата на семејството Шумахер во Гланд