петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во пожар изгоре куќа во Маџари

Во пожар изгоре куќа во Маџари

Во пожар што избувна попладнево делумно изгоре куќа на улицата „1“, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожарот и интервенирале од 17:08 до 18:15 часот со десет пожарникари и четири возила.

Опожарени се 50 метри квадратни и причинета е материјална штета од 100 илјади денари.