недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

Денес и вчера масовно се уриваат еднојазичните патоказни табли на патните правци низ Македонија. Уште вчера први настрадаа патоказните табли на патниот правец Прилеп-Битола-Охрид.

До нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа како багер отстранува табли на овој патен правец, дали причината за уривањето е новиот закон за јазици со кој се предвидува патоказните табли да бидат двојазични, засега е непознато.

Фотографиите се направени пред влезот за Битола, а од нив се гледа дека таблата која багерот ја товара во камион не е оштетена или уништувана, како и тоа дека одлично се познаваат напишаните патни правци.

Најнови вести