Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти по поразот од Сампдорија (3:0) рече дека неговиот тим повторно имал лош пристап.
– Започнавме сосема иста како во првите два круга. Претходно, бевме во можност да го смениме текот на мечот, но со Сампдорија тоа не беше случај. Ова веќе претставува проблем. Ваков став кон играта е неприфатлив. Не мислам дека е неопходно многу да се промени. Само треба да почнеме максимално фокусирани, рече Анчелоти.
Искусниот италијански фудбалски стручњак на тренерската позиција во тимот од Неапол дојде на местото на Маурицио Сари.
По три рунди во Серија А, Наполи има две победи и еден пораз и се наоѓа на 5.место.