Познатиот фудбалер, Кристијано Роналдо, ужива во љубовта со Георгина Родригез, која и тоа како знае да направи тој да се чувствува посебно.
Имено, тие денот го поминале на брод, опуштајќи се на брановите, а всушност тогаш настанала и романтичната фотографија.
Георгина овој момент, во кој разменуваат нежности, го споделила со фановите на социјалната мрежа Инстаграм, и напишала:
„Колку е убаво чувството да бидеш во топла прегратка, додека телата ви се ладни“, алудирајќи на тоа дека се мокри и штотуку излегле од вода, погледнете.