недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ла Лига ќе земе 200 милиони евра од натпреварите во САД

Ла Лига ќе земе 200 милиони евра од натпреварите во САД

Натпреварот од шпанското првенство меѓу Жирона и Барселона 90 отсто ќе се одигра во САД, изјави шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тој откри дека лигата ќе заработи 200 милиони евра од натпреварите во Северна Америка.

– Жирона – Барселона 90 отсто ќе се одигра во САД, но договорот не е само за еден натпревар. Станува збор за проект кој е многу поголем, коментира Тебас во интервју за радио „Онда Черо“.

Ла Лига потпиша 15-годишен договор со американска компанија „Релевант“.

– Организиравме аукција во која учествуваа многу компании. Од клубовите не се бара да играат еден натпревар годишно во САД. Само тимовите кои имаат желба ќе учествуваат во овие натпревари. Но, тоа е повеќе од еден натпревар. Станува збор за стратегија и спонзорство, додаде шефот на Ла Лига.

Тебас потврди дека дуелот меѓу Жирона и Барселона ќе се игра на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, кој е со капацитет од 65 илјади места.