Голема трагедија која однесе живот на млад, 16-годишен спортист се случи во текот на вчерашниот ден.
Имено 16-годишен кик-боксер од Хрватска учествувал на турнир во Оџак, Босна и Херцеговина. За време на борбата на турнирот Посавина Опен, веќе починатиот добил удар под реброто, но е кренал и ја продолжил борбата.
Откако го завршил мечот, му се слошило во ходникот на салата, паднал и се онесвестил. Први на помош му дошле службените лекари на натпреварот кои со масажа на срцето се обиделе да го реанимират. Тоа не било успешно па го пренеле во болница.
Но и таму му немало помош, па итно бил пренесен за Хрватска каде на границата го сочекала медицинска екипа.
Докторите од итната помош на Славонски Брод цели 65 минути се бореле да го вратат во живот, но безуспешно за да почине во 15:30 часот.
Причините од кои настапиле смрта ќе бидат познати откако ќе стигнат резултатите од обдукцијата.