понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Ајде, да се преброиме…

Ајде, да се преброиме…

„Ајде, да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами!!!“ Вака аланфордовски зазвучи лелекот и плачот на армијата бапчорки кои така таговно, песимистички и „клизачи“ ја дочекаа идејата за Референдум против бугарската ујдурма на Црпко и Бојко. Без никаква заддршка, ниту размисла, на прва осудувајќи ја иницијативата околу која се сјати македонската опозиција. Не, веројатно не промислија ни кому му одат во прилог, ни зошто требаше барем малу да се сопрат и да ги зауздаат коњите. Магарињата башка. Не, во време на општа и  тотална безидејност, најлесно беше да се удри по идејата…

А Црпко, Таче, Стоката, Алија и бандата слатко си се кикотеа во позадина. Си ги галеа полните мешиња и џебови и гледаа сеир. Па нема што тие да реметат, Македонецот сам ќе си се уништи, како и секогаш…

Значи, во време кога најзависната власт во историјата на Македонија „слави“ 31 година од независноста без никаде да спомне Македонија, со ступидни слогани за наводни „слободи и обединувања“, Македонците се исподелија и испотепаа пред Петко/Референдумко, воопшто и да се роди.

Во познатиот стил на традиционалното семакедонско разединување и мантрата „брат за брат, сирење за пари“, ѓурултија која не заебава, убива и ништи со векови, дел од македонското крило инстант дигна раце од народното изјаснување, жигосувајќи го како предавничко, уште отсега прогнозирајќи тотален неуспех, со две раце сипајќи песок во македонската осовина…

И не, не ликуваа и онанираа само североџганистанците, ликуваа и Бугарите, среќни и свесни за аирот кој разединетото македонско ткиво им го носи.

И наместо, да се активираат и да се тргнат од глупавите компјутери и фејсбуци, да засукат ракави и да викнат „Ајде, редно е да се преброиме, да направиме нешто заедно!“, тие кукајќи „промуќурно“ констатираа дека 910.000 биле премногу и оп, без поп и процесија го закопаа неродениот Референдумко. И не, не беше проблем што во Македонија има повеќе гласачи од жители, јок, ни што не северисаа на секое можно поле, не беше проблем што недрагиот комисионер Ѓеоргиев ни менува историја и ќе ги прави Самоил, Кирил, Методиј, Климент и Наум Бугари, уште помалку што поради француската тројка Таче, Радев и Макрон следниве 120 години ќе преговараме со ЕУ, не, проблем беше Референдумот. Најголем…

Во стилот на – подобро да испаднам будала отколку од автобус на кривина, без да дигнат рачна сите распалија по идејата, без да преспијат и да размислат дека враќањето на Македонија, за која толку брујат и кон која толку демек тежнеат, некогаш и некаде мора да започне. А, чуму па не со еден ваков Референдум? И најдолгиот пат почнува со првиот чекор, па зошто ова да не биде тој чекор.

Алоо, за Македонија се работи, не за партии, не за лидери, дали сте свесни??? За обид за ставање крај на бугаризацијата на нашата историја, за прекин на асимилацијата и деградирањето на делото на нашите дедовци. И вие нема да учествувате во ова, ќе продолжите да плукате и кукате? Крајно време е да се проголтаат егата, време за ставање на братската омраза и поговорката „да му умре козата на комшијата“ во мирување, макар во лер, а најдобро во заборав. Оти, инаку, ние отидовме во заборав. И по ѓаволите и морските вештерки. Отидовме и во Софија, не во Брисел. Прво „добососедскиот“, па и Преспанската капитулација ќе дојде на ред, дај Боже. Хронолошки така и навасаа кијаметите договорашки, удбашки ли беа…..

Немало да не има доволно? Ај, да не бидеме Баба Ванѓи, ок, можеби и ќе нема, ама немојте бре така дефетистички, ајде да се обидеме, да дадеме се’ од себе,  да се собереме, да се преброиме, да удрима на маса и да видиме дали е така. Така ли викале нашите комити и партизани, „лелееее, многу ги има, ауууууу, јаки се, офффффф мори мајчице, ајде да си бегаме по дома“???? Не, оделе со дигнати глави, полни со гордост и македонско достоинство, јуришале напред во нерамноправен боји гинеле со Македонија на усните! А кај нас, во нашата Македонија долго време е потивко отколку „на ножот“…

Ок, па и да не’ нема толку илјади, а ќе не има, па колку сме, толку сме, доста/токму сме. Барем ќе си знаеме колку не’ има Македонци, а колку северџганистанци, ќе знаеме и дека сме се обиделе да смениме нешто, не вака ко баби да кукаме и плачеме што не сме добиле на лото, а во живот ливче не сме уплатиле. На фејсбук држава до сега никој на одбранил…

И само една работа, веројатно на денот на Референдумот, кога и да биде, нема да седите дома и да фаќате сеир?

Знам дека нема, Македонецот нема да го додржи место при таква шанса да им плукне в лице на северните корисни идиоти. Нека биде ова и добар повод за едно семакедонско обединување. Не’ чека работа, многу работа во акцијата за враќање на Македонија и вистинските вредности, засукајте тоа ракавите и да се фатиме за неа здраво, оти годиниве како да заборавивме што е тоа работа и непокор. Останаа за по дома и за два-три пати на протест. И не, не за партија, не за унапредувања, не за работно место, не за тендери и рушвет ко северџганистанците.

Туку онака ко што знаеме и знаеле нашите предци, орно, македонски, изворно, ЗА МАКЕДОНИЈА!

Да, да не’ има, оти ќе не’ нема…