вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Aко по утрото денот се познава…

Aко по утрото денот се познава…

По утрото денот се познава, велат старите. А тие пустите, не грешат. Хммм, којзнае што ова значи за еден муртински опортунист, кој толку многу му згреши на сопствениот народ и држава?

Епа, најверојатно многу, затоа што нему утрото и кампањата, буквално, фигуративно и секако, му започнаа со серија шлаканици. Вистински рафал. Ама не од кого било, туку од оној коj го создаде. И не од каде било, туку од МАНУ. И тоа, замислете, не една, туку сто шлаканици, тешки шамарчини кои со денови, месеци ќе одѕвонуваат во главата на Зоче. Гарант ЗЗ си думал „Боље змија да ме уапеше, него …“ Веројатно е многу лошо да сркнеш таква серија од Папа, особено ако си црпнат, башка од нива…

Така, кампањата на СДСССС и Зоче стартуваше со непланирана, катастрофална временска непогода која најсилно удри по сетилата на членството, кое и онака нешто многу-многу не е вљубено во ликот и неделото на актуелниот им лидер, три пати аболирано човече кое нема-нема па ќе тресне некоја зелена, па друга, па трета и така до недоглед . А сега контра него застанува нивниот идол, основоположникот, великанот им, фацката од тотемот на секое СДСССС засолниште…

И фер е така, нели. Да те урне оној кој те создал, првиот кој те аболицирал, а со тоа и тешка клетва и на себе фрлил по злодејанијата кои ти потоа си ги стокмил за државата и народот, историјата, па и иднината. Најверојатно, на БЦ многу му пукнал филмот, сфаќајќи дека создал чудовиште. А не е лесно да бидеш доктор Франкенштајн, особено ако имаш совест и срам, т.е. ако не си ЗЗ.

На страна и целата транзиција која ти е на грб, за која ќе се извинуваш до гроба, ама ова со Зочето и не морало да биде, нели. Да те наследи акмак кому на тацна си му оставил партија, која зевзекот потоа така успешно и опортунистички ја раскрчмил, поделил и приватизирал со ликови создадени според својот алаш-вериш лик и  ненаобразба. Уште побитни се државата и народот кои го окркаа силно од директниот му наследник. Сите знаеме дека и најдолгиот пат почнува со првиот чекор, но дека некој верувашедека во СДСМ токму Бранко ќе го направи, тешко…

И денеска, кога Заевите разлигавени и запенавени од очај пит-бул териери го напаѓаат и во свој стил черечат и девалвираат Црвенковски, кој пустиот се дрзнал да го окаља и искритикува нивниот така оксиморонски безгрешно грешен врховен лидер, сфатете дека тоа е поради нив, а не заради Зоче. Оти, платата тој им ја дава на душичките некрофилски, мораат сиромавите да стават горивце во џипчињата и да дадат пари за да некој им ја искоси тевата околу хациендите, не им е лесно, ич. Јок, не им е лесно да гледааат како со еден удар им летнаа дваесетина илјади гласови на стари сдсмовци, кои и онака беа на два ума за Зокија. Од една страна лојалноста кон партијата, од друга срамот во низа на секое можно поле кој им го нанесува и ним. И ова не е тик-ток, ова е старинскиот ТИК-ТАК, ТИК-ТАК, ТИК-ТАК. Епа, ако по денот утрото се познава, аирлија…