вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Амнезија, амнестија или кадровска евакуација?

Амнезија, амнестија или кадровска евакуација?

Понекогаш не треба да си многу паметен за да сфатиш во кој правец одат работите, и да видиш како реагира една власт која е во заминување и во слободен пад.

Доволно е да ги видиш чекорите кои ги превземаат, одлуките и постапките и се ти е јасно. Ангажирање на еден куп договорци кои немаат намера да ги вработат туку само да га залажат. Потоа разни премесувања и прераспределби. Тајно работење, чудни набавки, чудни тендери, нелогични трошења. Евакуација на блиски во приватни фирми, обично кај некои големи инвеститори или пак во големи приватни фирми кои работат со државата. За крај доаѓаат законски измени со кои директно гледате на кого се однесуваат.

Такви имавме вчера. Под брза постапка, со европско знаменце (демек усогласуваме некаква европска легислатива), а едиствено што се гледа од истата е дека власта е свесна кој и за што ќе одговара, само гледа тоа да биде со што е можно помали последици, да заврши со условни казни, домашни притвори, или самите случаи да застарат.

Навистина ме интересира, како и со кој образ утре ќе излезат пред претставниците на меѓународна заедница, што ќе кажат, што ќе смислат? Како ли ќе излезат на избори, како ќе излезат пред сопственото гласачко тело? Кое е објаснувањето кое ќе го дадат? Дека намалувањето на казните за сите можни кривични деа поврзани со корупција и злоупотреба на службената должност се европски вредности, и дека баш сега е вистинско време на носење на истите измени? Дека со поблаги казни за криминал и слоупотреба на службената должност, побрзо ќе влеземе во ЕУ?

Како бе не ви е срам? За тоа ли ве избрале граѓаните? Па нели „нема правда, нема мир“?

Претпоставувам некој друг и за ова ќе биде крив! Претпоставувам дека и ова ќе се изрелативизира, забошоти, замачка, ќе се префрли вина на некој друг. Знаеме како одат работите! Важно успеавте законски на еден куп ваши хиени да им го спасите задникот или да пројдат благо, за да не мора да кажат зошто истото го правеле.

Нема европска иднина народе! Со лопови и клептомани, со лажговци и сурови хиени, на кои ништо не им е свето, напред нема.

Сите ќе се иселиме еден по еден, а ќе останат мороните и лоповите да ги владејат сиромасите и пензионерите.

Претпиставувам ќе увезат народ од Бангладеш, Пакистан, Индонезија, Нигерија со претпоставка дека тие се навикнати и на полошо од ова.

Џабе народ мој велиш дека ќе ги казниш и СДС и ДУИ, и сите нивни привезоци, на избори. Им ги преќуте и Беса травел, и Дурмо турс, и модуларната болница, и вакцините, и Онкологија, па пасошите за криминалци, и поскапувањата, и името, и Уставот, и еден куп тендери и проневери, и фотоволтаиците од жените, и марихуаната украдена од магацините… уште колку да набројувам? Ова вака само напбројав што ми текна во моментов.

И пак истиот проблем и муабет: Кај била едната партија од опозицијата, кај била другата, кај бил овој оној… прозивање од пред компјутер. Јавно, на дело, во живо со протест, петиции, потписи, иницијативи, никој?! Пак ќе се чекаат избори.

Чекајте! Претпоставувам мотивите се други. Чим чекаш некој да те крене, да те мобилизира и не заслужуваш повеќе од тоа да те третираат како потршна роба. А велат, народот добива власт каква што заслужува. Дај Боже да грешам. Дај Боже, очите да се отвориле и да се рече, крај!

Актуелната власт е веќе мртва. Да скоро мислев дека не им е јасно. Вчера потврдија дека и тоа како им е јасно, само купуваат време за да си ги покријат задниците.