Вчера јавноста можеше да го проследи новото издание на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста, по 25ти пат.
Оваа манифестација која се гради веќе трета деценија, уште од доцните деведесетти, по многу нешта е предвесник на она што се случува или ќе се случува во државата. Факт е дека никогаш не била многу пријатна за власта, која и да е, иако во периодот по последната промена на власта во 2017 година. Иако актуелниве од старт правеа тон глупости, очигледно послатко беше да се зборува за оние кои паднаа.
Она што се случи на годинашното издание е одличен показател каде актуелната власт оди. Исмевање за сите криминални афери на највисоко ниво, пародија на судбината на Генерален секретар на Влада, апсолутно газење на „Пинокио“ и метафората за рачето на срцето и се останато, новиот Премиер кој никој не го знае ни по име, ни по лик, а и дека не излегол на избори за да не води.
Сеирот покажува дека и народот, и целата севкупна општествена енергија е против оваа неспособна и од народот одродена власт. Во основа, истата и не владее, туку е поголемиот привезок на оние кои се дел од власта веќе 20 години и изминатите неколку години ги влечат сите стратешки потези во државава, за жал.
Оваа Златна Бубамара, како и многуте пред неа, е одлична јавна критика на се што се случува. Ова е и порака и за самата опозиција, дека вака веќе не може. Дека идиократијата веќе не проаѓа, и дека со шупелки и полтрони, напред нема. Народот е уморен од лажење и крадење, и од трчање по лични интереси, наместо бранење на државните и националните.
За крај, секоја чест за капитенот на фудбалската репрезентација Стефан Ристовски, кој ги испердаши сите за она што пред две три години ги нарекуваа дрва и играорци. Играчите во најголем број се тие, а постигнаа невидени успеси. Очигледно требало само верба и сплотеност, и резултатите ќе дојдат.
Користењето на Македонија се рати на голема врата. Се удри сеир за Северна и „нашата држава“. Браво за сите федерации кои не се „посеверџанија“, и голем поздрав до „прецеднико“ и единствената федерација која стана Северна. Од кога се прекрстија, ништо не им оди, а очигледно и на играчите не им е мило, па не гинат за националните бои како другите селекции. „Прецедниче“, си го извалка образот и се што си сработил ко спортист пред народот, за позиција. Јас да сум на место на играчите, би те бојкотирал.
Александар Ристевски
П.С. Џабе Златна Бубамара се обидува да рехабилитира некои јавни личности. И тетовирање и изјави не ги перат. Нека учат за големина и конзистентност од големиот Симон Трпчевски. Македонец со големо М.
П.П.С. Симнувам капа за наградата за Васка Јанковска. Заборавена од јавноста долги години, а безвременски глас. Секоја чест.