вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Бунтовник со причина

Бунтовник со причина

Додека Стево по добиените шлаканици смислуваше најглупаво можно референдумско прашање, Гир коваше нов уценувачки трактат за македонско прифаќање на бугарскиот диктат, а нелигитимниот Таче гушнат со уште понелегитимниот Таљо гледаше како да спасат глава од народ, Македонецот се прашуваше само едно нешто. ПА ДАЛИ СТЕ БРЕ НОРМАЛНИ?

А, за да биде северџанската таргикомедија уште погнасна, сета оваа папазјанија се случува во предвечерието на најголемиот македонски празник, на ден-два пред чествувањето на херојската илинденска епопеја, на часови од светиот ИЛИНДЕН.

Време кога на натпревари во Бугарија не нарекуваат со погрдни имиња, кога софиски коментатори политикантски коментираат со повраќаници, кога „македонското“ МНР на Бугар Османи молчи ко залиено, а СДСССС-ДУИ тендер коалицијата краде ко улава. Време-невреме кога Таче Ќуран „звани Тамара“ повторно срамотно ја крати химната во делот со Гоце, Питу, Даме и Јане, кога британски бирократи не убедуваат дека понижувањето и недостоинствениот полтронизам се последна шанса за фаќање на возот кој нивната земја со ќеф го напушти и скокна од него во движење само и само да си го врати суверенитетот. Забегани времиња кога дилајла-премиер со афинитети на шнајдер сега и со рачиња на стомаче ја сквернави националната химна, период кога сфаќате дека на кастингот во СДССССС минуваат само безрбетни суртуци со IQ31 и дека по сегашниот редослед на нештата, тупавиот Црпко со IQ33 е северџански Ајнштајн во споредба со наследниците…

Моментум во кој теледиригираната марионета Таче јавно булазни дека „другите“ немаат домашно воспитување, не сфаќајќи дека тој има сериозна дупка, ѓоамити кратер на ова поле. Ќуран кој не разбира дека дека ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ е да не го навредуваш, срамиш и понижуваш сопствениот народ и подразбира да имаш образ, чест, достоинство и срам. Домашно воспитување е кога народ врие и многу денови десетици илјади се на улица, да се замислиш зошто тоа го прават, кое всадува  почит кон предците, кон оние херои кои гинеле за Македонија. Дека домашно воспитување е и да ја негуваш и чествуваш сопствената историја, револуционери и светци и претполага да не го менуваш насила уставот, кој го третирате како тоалетна хартија. Дека ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ е да те изберат на избори, а не да те извадат од некој шешир за да менуваш устав и историја и оти домашно воспитување значи и да не нервираш стотици илјади народ со нон-стоп верглање на насила наметнатата глупоштија „северна“, која била, е и ќе остане само и единствено МАКЕДОНИЈА!

На другата страна од северните мекотели, пак, стои еден чесен, горд, достоинствен Македонец, со особини кои се целосно спротивни на северџанската болумента, среброљупци хипнотизирани од лажниот сјај на неолибералниот морков, суртуци кои на крај ќе го добијат само стапот…

Е, на тој Македонец, кој не е еден туку стотици илјади, му е тотално непоимливо како некој , воопшто, може толку да се наведне, да коленичи, да исполнува и притоа да лаже ко навиен. На тој стамен Македонец му е неверојатно кога гледа како полтронската власт, избрана знаеме како и поддржана од знаеме кого, катадневно без скрупули го разнебитува националното ткиво. Македонецот е запрепастен, како оваа малодушна банда може така лесно да ги распродава идентитетските одредници, толку бессрамно да тргува со историјата, да гази по гробовите на нашите дедовци и на големите Македонци кои со песна и со МАКЕДОНИЈА на усните гинеле за да го добиеме она што денеска го имаме. Она што поради заблуденоста на северџанските лукративни и неолиберални синови и ќерки секојдневно, така сороспијски, чекор по чекор, го губиме…

Затоа, денеска секој вистински Македонец е БУНТОВНИК СО ПРИЧИНА.

Не една, многу, стотици, илјадници причини. Но онаа најголемата причина, сепак, е една. Грамадна, исконска, прекрасна и вечна.

Причина која се вика, се викала и ќе се вика МАКЕДОНИЈА!