четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Честит 23-ти Октомври ВЕЛИГДЕН на слободата на МАКЕДОНИЈА

Честит 23-ти Октомври ВЕЛИГДЕН на слободата на МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан, СПОКОЈ ЗА МАКЕДОНИЈА. ВМРО – историско и ВМРО-ДПМНЕ ТЕ сакаме затоа што ТИ си спокој на Македонија и од срце ти посакуваме среќа на твоето заедничко патување со времето кон вечноста.

Македонија денес опстојува горда, исправена и пркосна само заради две работи (други и не и требаат) безвремена љубов со која те опсипува македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски да те сочува, обнови, унапреди и преуреди во пристојно место за живеење на сите граѓани на Македонија со еднаква стартна позиција при своето искачување на скалилата на успехот во животот без однапред некој да биде предодреден да биде подобар од другите. Затоа, почитувани ВМРОВЦИ кога ќе ве прашаат злонамерните: “на чија страна си?“, одговорете без размислување. Нема страна. “Сите сме Македонија.“

За да ја зачуваме нашата татковина Македонија повторно мораме да го направиме истото што пред 128 години го направија шестемина величествени во Солун, да ӣ подариме идеали за прво да ја заштитиме, кои потоа лесно стануваат конкретна акција со што навидум романтичниот занес се претвора во реалност.

Само така нема да дозволиме тиранијата и неправдата што сега е белег на нашето општество да се распламти и да се претвори во  политичко цунами што ќе ја проголта Македонија.

Разумните луѓе особено кога е во прашање судбината на татковината не молчат и се престројуваат во првата борбена линија за да ја одбранат.

Такви се авангардата на Македонија ВМРОВЦИТЕ. Не заборавајте, во оваа борба сте сами. Другите, оние самобендисаните предводени од СДСМ и нивниот лидер кој повеќе личи на темничар кој слободата ја затворил во волшебна ламба отколку на премиер, заслепени од омраза целосно се парализирани затоа што не се дораснати на актуелниве состојби во кои самите ја фрлија Македонија.

Македонија сама се љуби. Таа е совршена интеграција на природни убавини, културно историски споменици, различности идеално поредени едни покрај други толку природно што не можеш да знаеш каде почнува едното или завршува другото.

Но, најмногу е сакана заради својата најголема вредност, луѓето кои живеат во неа. Луѓето се украс на Македонија, кога даваат се први, кога треба да земат прво прашуваат дали има за сите. Скромни се, задоволни со тоа што го имаат, а за тоа што дополнително им е потребно се борат чесно да го заработат за да остават чист образ за себе и семејството.

Молчаливи се и тивки, некои подвиткани од товарот на грижите или тешката работа, но исправени како вита ела, силни и горопадни кога се работи за татковината. Заради нив вреди да се бориш, жртвуваш, даруваш, свесен дека си го направил најдоброто во животот овоземен.

Во ова лежи вистинскиот одговор на недоветното прашање од разни злонамерници за тоа како и на кој начин златната шесторка од книжарницата во Солун која се состана на овој историски ден за Македонија и македонскиот народ, утврдените цели и задачи за слободна, независна и праведна Македонија ќе ги оствари наспроти силни царштини, непријателски сојузи и гладни хиени и стрвни соседи.

Токму, овие млади врвни интелектуалци и беспрекорни патриоти, математички прецизно, потребното количество енергија, незапирлив порив и бескрајна верба во делата го препознале во душите, срцата и разумот на своите современици. Уште повеќе биле убедени во филозофско политичката определба на својот народ дека во иднина силно ќе расте, ќе се шири кај генерациите кои доаѓаат убедени дека ќе ја постигнат зацртаната цел, што впрочем и се обвистини.

И, кога денес мили мои ВМРОВЦИ нашата Македонија се наоѓа пред најтешкиот предизвик за спас на своето опстојување и кога овие шест грамади од луѓе, сега рајски станари со чемер во срцата и пекол во душите повторно мора да нé потсетат на заветот што ни го оставиле, на кого да се обратат ако не  на ВАС, цветот на македонскиот народ, ВМРОВЦИТЕ.

Затоа, ниту за момент не се колебајте, застанете гордо, зачекорите смело, исправете се над сите, Македонија ве вика, не ве моли затоа што добро ве познава кои се најсигурните, најлојалните и најпатриотите и тргнете во најтешката битка за Македонија.

Македонија со право тоа од ВАС го очекува сигурна во исправноста на делото и конечна победа.

ВМРОВЦИТЕ со своето спартанско духовно воспитание честопати биле цел на разни непристојни понуди, груби насилства, вешти шпекулации и измами, закани и уцени од најголемите сили, но секогаш, особено кога биле најбрутални сте се одбраниле и не сте ја продале душата.

И Најубавиот дел од оваа приказна е тој каде што се потврдува вистината за ВМРОВЦИТЕ дека нивната вредност и сила правопропорционално расте и соодветно одговара за да возврати и го порази  силниот непријател што се нафрла врз НИВ. Колку што посилно удира непријателот, дотолку посилен и поиздржлив е одговорот вмровски.

Знаете што? Кога директорот побара од тебе да направиш нешто што не е во ред за да ја сочуваш работата или кога генералот ти наредува да убиваш цивили против твоја волја, кога родителот армасува против твоите чувства, кога од политичарот бараат да работи спротивно на интересите на својот народ и дури кога стоиш пред џелатот во последните мигови од својот живот можеш душата да ја сочуваш. Напразни се оправдувањата: не можев, не смеам, морав. Кај вистински човек тоа не врви. Такви се луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, вистински луѓе со лидерот Христијан Мицкоски како личен пример на кој можеме да се огледаме.

Такви луѓе носат СПОКОЈ ЗА МАКЕДОНИЈА. Наоружајте се со најмоќното оружје – идејата, купете си билет за во историјата и придружете се на славните.