четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

ДА СЕ БАРА НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОРОТ, ИТНО!!!

ДА СЕ БАРА НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОРОТ, ИТНО!!!

Лоша намера, лош ниет тоа е правното значење на терминот mala fides!

Во најголем дел од правните системи на земјите се уште постои и се случува ништавност на правното дело (поништување на секое правно дејство или акт) кој е сторен со „лоша намера“.

И во нашиот поранешен правен систем, конкретно во Законот за облигационите односи од 1978 година беше предвидена ништавноста на сите правни дела сторени со лоша намера.

И во меѓународното право, она изградено во ООН и во ЕУ, постои санкција во случај кога со лоша намера се пристапува кон „решавање“ на одреден проблем (конкретно спорот што Грција го има со Македонија) преку директно прекршување на основните правила и принципи на меѓународното право и JUS COGENS нормите.

Тргнувајќи од ова стојалиште НИЕ КАКО МАКЕДОНЦИ ТРЕБА ДА БАРАМЕ НИШТОВНОСТ НА ПОТПИШАНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР, бидејќи истиот е составен и содржински уредува материја што е спротивна и во директен конфликт со пропишаните JUS COGENS норми кои се апсолутни, неменливи и кои не смеат да бидат повредени од никого, а најмалку од претставниците на ООН и на ЕУ.

НИШТОВНОСТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДОГОВОР МОЖЕМЕ ДА ЈА БАРАМЕ преку повикување на Виенската конвенција за договорното право, член 42, став 1 кој гласи: 1. Важноста на договорот или согласноста на државите да бидат обврзани со овој договор може да се оспори само врз основа на оваа конвенција.

Член 44, став 2 од Конвенцијата вели: 2. На причина за ништавност или гаснење на договорот, повлекувањето на една членка или прекинувањето на примената на договорот што го признава оваа конвенција може да се повикува само во поглед на целиот договор, освен под условите што се предвидени во следната точка и во член 60. Како причина за ништавност на меѓународниот договор може да се смета и фактот што во меѓународниот договор потпишан од Димитров и Коѕијас има одредби што се во спротивност со меѓународното JUS COGENS .

Според член 53 од Виенската конвенција за договорно право ништавни се сите договори што СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО ИМПЕРАТИВНИТЕ НОРМИ НА ОПШТОТО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО (JUS COGENS). НИШТОВЕН Е СЕКОЈ ДОГОВОР кој во моментот на неговото склучување е во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право!

Според Виенската конвенција, како императивна норма на општо меѓународно право се смета секоја норма што ја прифатила и признала целата меѓународна заедница, и за која не е дозволено, ниту допуштено никакво отстапување!

Тоа се норми што не можат да бидат изменети со нови договорни норми!

Од член 30, став 1 на Виенската конвенција за договорно право, може да се заклучи дека во дефинирањето на ништовноста поради кршење на императивна норма на општото меѓународно право влегува и член 103 на Повелбата на Обединетите нации кој гласи: ако постои противречност меѓу обврските на две или повеќе членки на Обединетите нации преземени согласно оваа Повелба, од една, и обврските кои произлегуваат од кој било друг меѓународен договор, ПРЕОВЛАДУВААТ, ИЛИ СЕ ЗЕМААТ ПРЕДВИД ОБВРСКИТЕ УТВРДЕНИ ВО ПОВЕЛБАТА!

Во нашиов случај, меѓународниот договор е во спротивност со принципите и целите на Повелбата на ООН.

Посебно е во спротивност со принципот на суверена еднаквост на сите свои држави (член 2, став 1). Со договорот е прекршен член 2, став 1 од Повелбата на ООН каде е заштитена ПРАВНАТА ЕДНАКВОСТ на државите членки на ООН. Овој договор не ја заштитува правната еднаквост на Република Македонија како суверена држава и како еднаква држава со Грција во ООН.

Со овој договор се крши и член 2, став 7 од Повелбата на ООН кој се однесува на забраната за МЕШАЊЕ на една членка или Организација во СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА НА КОЈА БИЛО ДРЖАВА! Со Договорот на „Втората страна“ односно на Република Македонија И СЕ НАЛОЖУВААТ ОД ПРВАТА СТРАНА, ОДНОСНО ОД РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА, ОБВРСКИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со што Грција флагрантно го повредува суверенитетот на Република Македонија и внатрешниот уставно-правен поредок на Република Македонија.

Со Договорот е прекршен и член 4, став 1 од Повелбата кој се однесува на приемот во ООН кога се исполнети ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ ВО ООН! (општите, а не посебните услови кои важат единствено за нашата држава!).

Договорот е спротивен и со Завршниот Акт на ОБСЕ од Хелсинки каде се УТВРДУВА ОБВРСКА НА СИТЕ ЗЕМЈИ ДА ЈА ПОЧИТУВААТ СУВЕРЕНАТА ЕДНАКВОСТ И ИНДИВИДУАЛНОСТА НА ДРЖАВИТЕ, како и правата што произлегуваат од суверенитетот, вклучително и правото на секоја држава на ПРАВНА ЕДНАКВОСТ, ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ, И ПОЛИТИЧКА НЕЗАВИСНОСТ.

Исто така, се утврдува обврска да се почитува правото на другите држави ДА НАПРАВАТ СВОЈ ИЗБОР И ДА ГО РАЗВИВААТ својот политички, општествен, економски и културен систем, како и правото да донесуваат и утврдуваат свои закони и регулативи.

СО ДОГОВОРОТ НЕ СЕ ПОЧИТУВА ПРАВОТО НА РМ да донесува свои закони и Устав, ниту самостојно да го развива својот политички, културен, општествен и економски систем!

Овој договор е ултимативен по својата природа, овој договор е РАДИКАЛНО АСИМЕТРИЧЕН ВО ОБВРСКИТЕ, бидејќи создава голем број обврски само за Македонската страна со кои се навлегува во креирање нова историја, нов идентитет, нови обележја и нова сегашност и иднина на Македонскиот народ!

Договорот повикува на принципите и вредностите на Советот на Европа, почит кон човековите права, развој на демократијата и достоинството, а со неговата содржина значи ФЛАГРАНТНО ПОВРЕДУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ПРАВА НА МАКЕДОНЦИТЕ ДА ИМААТ ПРАВО НА ДОСТОИНСТВО, ДА ИМААТ ПРАВО НА СВОЈ КУЛТУРЕН И НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

Од погоре наведеното чарето е во ИТНО БАРАЊЕ ОВОЈ ДОГОВОР ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НИШТОВЕН ПОРАДИ ФЛАГРАНТНОТО КРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И НЕГОВАТА СПРОТИВНОСТ СО ИМПЕРАТИВНИТЕ НОРМИ КОИ ИМААТ АПСОЛУТЕН КАРАКТЕР!
ОВА БАРАЊЕ ДА БИДЕ УПАТЕНО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА ООН И НА ЕУ!!!