Начинот на кој актуелната власт ги водеше интегративните процеси изминатите пет години, и се уште тера на ист начин, покажуваат дека се екипа за една употреба. Дојдоа, наплатија, направија хаос, го заобиколија мислењето на мнозинството, и ќе остават проблеми и последици од кои со години нема да се опоравиме.
Сметам дека тоа што победија на оние корона избори, среде лето во 2020та, после сите киксови, после промена на име, задирање во идентитетот, еден куп законски неправилности, коруптивни скандали и афери, им даде колку толку за право да мислат дека што тераат може да биде релативизирано, а дека уште ќе може да тераат на картата „лош имиџ на опозициската ВМРО ДПМНЕ“ поради лица од претходното раководство, кои беа сатанизирани, дали со право или не, времето и судските процеси ќе покажат.
И што имаме сега? Сега имаме некаква рамка за само формално правно почеток на преговори, без гарантирана временска рамка, без основа за поглавјата… Само формален почеток на преговори, а отстапки огромни од наша страна.
Интересни ми се европскиве емисари, демек битни претставници, загрижени за „Северна …“. Само да ви кажам, колку повеќе доаѓате, не гледате во очи и не лажете и упорно ни го триете тоа „Северна“ во лице кое го донесовте вон волјата на народот, заедно со „квинслизиве“, до толку повеќе расте револтот и омразата кон вас. Народот едноставно не ви верува! Не излажавте 100 пати до сега!
Не лажевте во 1993/94, не лажевте 2001, не лажевте 2008, не лажевте 20017/18, не лажете и сега. Едноставно водите анти македонска агенда, и општиот впечаток е дека сакате да не сотрете како народ и како нација. Ни се намали наталитетот, народот се исели, а форсирате политички елити кои не работат во интерес на Македонија и Македонците. Вие сте тие кои креирате меѓуетничка тензија, вие сте тие кои креираат нетрпеливост, делба, сецесионизам. Народот не му верува на Османи, Маричиќ и Таче, исто како што не му веруваа на Заев, на Димитров и било кој друг од оваа одродена, анти македонска структура.
Цела Европа рипа за тоа што Русија не ги признава и ништо Украинците, а од друга страна дозволува една Бугарија да не толчи, уценува, заканува, репресира. Истото го трпевме 30 години од Грција, а искрено не верувам дека и таа тема е завршена приказна.
Би сакал уште денес да им се заблагодарам на бугарските политичари и научници. Им благодарам што успеаја изминативе година дена да направат така силен и цврст јаз меѓу Македонците и Бугарите, што било каква идеја за зближување и користење на терминот „брат“, нема да се случи уште едно 50 години. Толку многу им е ретардирана политиката, толку многу се полни со комплекси и фрустрации, извртување на историските конотации што дури ни самите во истите не веруваат. Мешаат поими нација и етнос. Мешаат историска конотација пред 100 години и денес. Зборуваат за права и репресија, е самите истата ја вршат. Не признаат јазик кој се изучува на светски универзитети и лекторати, јазик кој има еден куп букви различни од нивниот каде пола зборови се различни, каде граматиката е различна.
Стравот им го разбирам. Стравот е дека Македонците во Бугарија еден по еден ќе почнат да се идентификуваат со земјата која им е во основа домицилна, или држава мајка. Ќе се организираат етнички и дека во самата држава Бугарија организирано ќе завладеат. Дали тоа ќе се случи или не, помалку е битно. Побитно е што направија такви големи штети, такви проблеми, што раните и лошите мисли и зборови, уште долго нема да се залечат.
Македонија излезе од Југославија пред 30 години, а денес сме по блиски со српскиот народ повеќе него било кога претходно. Од друга страна, Бугарија прва на призна, овие 30тина години илјадници Македонци дипломираа, магистрираа, докторираа во Бугарија, а подалечни сме повеќе него било кога досега.
Сами сте криви комшии! Самите. Ве убија фрустрациите, лагите, подметнувањата и сопките. Не негирате и потценувате, ради некои фрустрации од минатото и правите штета невидена. Бугарската нација мора да ги елиминира политичарите кои плукаат и сеат омраза кон Македонија. Никој тука ниту ве мрази, ниту ве смета за непријател, но во моментот кога на било која начин ќе не негирате, „северџанирате“ или оспорувате, ќе следи жестока реакција.
Четири парламентарни состави во паѓаат токму ради нас. И ред и мир нема да имате, додека не се освестите и оправите.
Македонија треба и мора да е дел од обединета Европа. Само така сите Македонци ќе бидат во една заедничка држава. Но не по секоја цена, и не со вакви репресивни договори, кои не ништат како народ и основата на нашата современа нација!
Европа е на потег, не ние! Европа и само декларираната европска Бугарија!
Александар Ристевски