петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Дебакл на политиките кон Ромите

Дебакл на политиките кон Ромите

Многу дебакли и многу неуспеси ја следат оваа влада уште од 2017 година кога започнаа да го прокламираат Едно општество за сите. Наместо едно општество за сите имаме класична бинационална држава, со интенција да се формализира истата со најавените измени на Уставот.

Кога се однесува за политиките на оваа Влада кон припадниците на ромската заедница имаме класично сивило. Ништо апсолутно не се случува во делот на подобрување на состојбата на Ромите, единствен успех е што ги ставија уште повеќе на маргините на општеството, и што многу роми си заминаа надовр од Македонија , барајќи егзистенција за себе и за своите најблиски.

Донесоа Стратегија за инклузија за Роми 2022-2030, кој само е документ за желбите на Владата и кој е сличен на концептот Едно општество за сите, кое прерасна во Општество за никаде.

Имаше стратегија и до 2020 година , која не успеа во ниту еден дел, наместо да се работи на инклузија на Роми, се направи уште поголема маргинализација, деградирање на ромската заедница.

Наместо да имаме поголема вработливост на Ромите и намалување на високиот степен на невработеност, имаме обратна ситуација, бројот на невработени Роми, во периодот 2017 – 2022 е дуплиран. На 30.06.2017 година бројот на невработени Роми изнесува 6.283 лица или 6,34% од вкупниот број на евидентирани невработени лица , додека на 31.03.2022 година бројката на невработени Роми изнесува 12.990 Роми, или 10,32% од вкупниот број на невработени лица.

Ако ги погледнеме резултатите од пописот 2021 година , каде бројката на Роми е 46.433,и ги споредиме со бројот на невработени Роми ќе испадне дека 28% од ромската заедница се невработени и се приближуваме кон тоа да секој 3 ти Ром да биде невработен. Неспособност на дело, дебакл на целата на политика на владата која се однесува кон ромската заедница.

Дополнителен податок кој зборува за немањето на концепт на оваа влада кон ромите е дека 1900 домаќинства од општина Шуто Оризари се приматели на гарантиран минимален приход, или споредено со вкупниот број на домаќинства 6104 излегува дека секое трето домаќинство во Шуто Оризари е корисник на гарантиран минимален приход.

За лошите политики и деградирањето на ромската заедница во прилог оди и застапеноста на Ромите во извршната и законодавната власт.

1 пратеник, 1 државен секретар, 1 советник на премиерот тоа е за застапеноста на ромската заедница во рамките на оваа влада. За потсетување во времето 2008-2017 ромите беа застапени 2 пратеника, 1 министер без ресор, 1 заменик министер, 1 директор во Управата за образование на јазиците на заедниците, 1 директор во Дирекција за заштита и спасување, 1 директор во Комунален инспекторат, 1 директор ГТЦ, и секоја година вработување на минимум 100 Роми во рамките на Јавната администрација со цел да се запази принципот на правична и еднаква застапеност.

Дали сега имаме запазување на принципот на правична и еднаква застапеност, уставно начело, кое гарантира дека секоја заедница мора да биде соодветно застапена во институциите на системот.

Лошите политики се присутни и во делот на здравството ( дипломираните лекари беа вработени во периодот до 2017), така да новите дипломирани доктори спасот го бараат надвор од Македонија бидејќи Македонија се претвори во маќеа за припадниците на ромската заедница.

Да се надеваме дека во догледно време ќе се сменат многу нешта, најпрвин заминувањето на оваа неспособна влада, и доаѓање на Влада која во претходниот период во одредени сегменти се покажа и докажа дека и Ромите се граѓани на оваа Македонија и не заслужуваат да бидат на маргините на општеството.

колумна на Ибрахим Ибрахими