Оваа анегдота ја знаат само некои постари членови на партијата ВМРО- ДПМНЕ. Имено, покојниот Никола Кљусев неколку месеци пред изборите во далечната 1998 година, како претседател на Советот на интелектуалци, на членовите на Извршниот комитет им објаснувал дека запознал некој Џим Данев, кој работел како сметководител во ревизорската куќа “Deloitte” во Македонија и дека не е лошо да го примат во партијата. Тогаш на покојната Доста Димовска која претходно го запознала и текнало и прашала да не се работи за Ден Дончев. Во тој момент и на Кљусев му текнало и сите убаво се насмеале. Од тој состанок Данаил Дан Дончев станува член на партијата.
Во Мелбурн името Данаил го скратиле на “Дан”, а се чита и се изговара “Ден”.
Веднаш по победата тој се зближува со Борис Стојменов, бидејќи за него секогаш биле важни само лукративните интереси. Така успева неговата сопруга Sунка (Џули) да ја вработи во кабинетот на Стојменов во министерството за финансии, а со лобирање на Борис тој станува директор на Македонски телеком, кој до 2001 го приватизира. Потоа се губи од политичката сцена и до 2002 година кога се менува власта, никој не се интересира за него. Тој купува неколку недвижности во Скопје и според добро информирани извори, купува имот во близина на Пула во Хрватска, за кој се зборува дека е во непосредна близина на имотот на Љубе Бошковски. Затоа, подоцна заедно со него ја формира партијата “Обединети во Македонија”, за оние кои не го знаат тоа. По конгресот на партијата во 2003 година, како “неизвалкан” кадар станува Генерален секретар на партијата.
Но Ден не го интересирала организација на партијата. Тој веднаш се вклучува во бизнис интересите еден од нив е познат во јавноста како продажбата на Македонска банка на познатиот “Газда Нини” од Србија. Затоа, сите технички работи му ги препуштил на “талентираниот” Зоран Трајчевски, човек кој успева во сите гарнитури, сите партии и е соработник на неколку странски амбасади. Јавноста дозна повеќе за тоа кога Зоран Заев ги пушти првите бомби од телефонските разговори за приватизацијата. Всушност, Ден и Заев се од Муртино, па така “лојалниот ВМРО-вец” лесно нашол начин како да му ги предаде снимките на Зоран Заев. На снимките јасно се слуша гласот на Ден Дончев како преговара за продажба на банката. Бидејќи тоа беше пред почетокот на “шарената револуција” и се бараа начини како да се оцрни Никола Груевски и да се смени од власт (поради продажба на националните интереси, како што гледаме сега), тој поднесе тужба против Заев, кој на суд изјави дека материјалите му ги дал Ден Дончев.
Ниту тогаш јавноста не се заинтересира повеќе за Ден, а и времињата беа такви имаше многу поважни работи. Уште пред да се појават снимките Ден Дончев оди за Австралија, односно бега, затоа што за давање на такви материјали се одговара. Се враќа непосредно пред изборите во 2016 година, за да му помогне на Зоран Заев, СДСМ и “шарената револуција”, во рушење на т.н. ”режим”. Мотивот на ден е секако лукративен. Тој неколку пати оди за Австралија и не може да заработи ни за живот, но затоа во Македонија, преку валкана политика знае добро да се снајде.
Па така веднаш по изборите 2016 година тој стана Директор на фондот за здравство, функција со која нема никакви допирни точки. Оние што добро го познаваат, знаеја дека ова е негова последна шанса да си обезбеди средства за внуците во Мелбурн. За него се зборуваше дека бил соработник на една од најсилните странски служби во светот, па и поради тоа сите избегнуваа да се распрашуваат.
Откако стана директор на фондот, за него никој не слушна ниеден збор. Како работи, дали придонесува за развој на институцијата, ништо. Затоа веднаш по објавувањето на аферата “Рекет 2” два добрите познавачи веднаш сфатија каде бил тој неколку години. Човекот во негов стил веднаш си почнал со рекетирање. Тоа било во соработка со Министерот Венко Филипче, кој е замешан во сите афери во здравството, како на пример “Рекет 1”, “криминални тендери во здравство,” “Клинички центар од пола милијарда евра”, “Респиратори од Бразил” и други. Како место за состаноци го избрал кафе барот “Cofee O’Clock” кој е блиску до Министерството за здравство, а ретко кој влегува во него. Мора да се признае дека вакво нешто не би му текнало ни на
Иан Флеминг писателот на најпознатиот шпиунски роман “Џемс Бонд”. Очигледно дека се работи за врвен професионалец.
На прес конференцијата на која се обиде да се извади од аферата “Рекет 2” за фирмата “Диамед” тој уште повеќе се заглави. Изнесе информација дека и кажал на шведската компанија, која сакала да го купи “Диамед” дека против неа имало истрага. Тоа е информација која тој не смее да ја има, а уште помалку да ја споделува. Со тоа и наштети и на истрагата. Потоа излезе и аферата дека заедно со “Кичеец” со кој се сретнувале во истиот кафе бар, вршеле притисок и на фирмата “Даверум”, за процент од приватизацијата, а веројатно и други рекетирања.
Наеднаш, Ден Дончев поднесе оставка. Веднаш се поставува прашањето па зошто дојде? Зошто се нафати на таа функција? За две три години, без никаков резултат? Тоа не е логично.
Она што е логично е дека дојде време предметот да се решава и конечно ќе се случи тоа што требаше да се случи уште со приватизацијата на Македонски телеком, односно одговорност за криминалните дејствија. Затоа, добро информираниот Ден од неговите странски пријатели и од неговиот сограѓанин, односно соселанец Зоран Заев се повлекува и си оди (бега) за Австралија. Медиумите известуваат дека рекетирал по два милиони евра годишно. Пола да е доста е за внуците во Мелбурн.
Во земјите на ЕУ или САД ако не сте платиле данок не ве пуштаат да излезете од државата, а камо ли ако сте под страга. Лично ми се случи во Франција да ме запрат на аеродром за некој стар долг поради здравствени услуги од 23 евра и одкако ги платив ме пуштија. Но ова е Македонија и се е можно.
Проф.д-р Александар Даштевски