среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Избори најрано во септември

Избори најрано во септември

Во услови кога се уште е на закон вонредна состојба и полициски час, а згора на тоа последните недели има се поголем број на новозаразени како и починати од Ковид 19 некои се уште однапред калкулираат со брз датум за избори. 

Власта упорно сака да се одржат за помалку од месец дена од сега, а воопшто не се води сметка дали би дошло до загрозување на безбедноста на граѓаните. Само како пример ние за последните две недели имаме 25 смртни случаи што изнесува повеќе од 20 посто од сите починати во тек на целата пандемија. Исто така бројката на новозаразени е над 370 а освен тоа се отвараат нови жаришта на Ковид 19 (Велес, Тетово).

За да можат да се спроведат избори мора да има барем 2 циклуси од по 14 дена да има евидентен пад како на новозаразени така и на починати додека пак бројката на излечени и отпуштени од болница да биде во пораст.

Колку носат ризик правење на брзи избори ќе ја посочиме Словенија која има најдобар здравствен систем во однос на сите балкански земји и кај која што изборите беа завршени но поради неорганизираност на новоформираната  влада го плати данокот со зголемена  смртност во почетокот на пандемијата.

Последните 7 дена имаат само 5 новозаразени пациенти во цела Словенија и дури тогаш се објави крај на пандемијата.

Македонија длабоко води по бројот на смртност на милион жители во однос на сите други земји на Балканот. 

Затоа најпрво треба да се создадат услови за намалување на рестриктивните мерки, да дојде до укинување на вонредната состојба и полицискиот час, да се направи една комплетна експертиза на се она што е направено во целокупниот наш здравствен систем, да се укаже на сите слабости, грешки и пропусти, да се зголеми бројот на тестирање посебно во градовите кои беа жаришта на епидемијата на Ковид 19 во Македонија. 

Да се направи скрининг за колективниот имунитет во Македонија, па дури тогаш сите релевантни здравствени фактори на чело со комисијата на заразни болести како и други експерти во областа на инфективни болести да дадат најдобар можен датум за одржување на парламентарните избори како и однапред подготвени акциски планови кои во случај да дојде до влошување на состојбата веднаш би реагирале. 

Откако сето ова ќе биде направено може политичките партии да седнат на маса и да преговараат за можен иден датум за одржување на избори.

Се додека политичките партии се длабоко инволвирани во здравствената струка и под силен притисок работаат сите комисии, здравствени професионалци, комори и здруженија и се прогласува предвремена победа на пандемијата Ковид 19 се ќе заврши со катастрофален пораз. 

Со тоа што доаѓа лето се зголемуваат температурите како и УВ индекс, се намалува вирулентноста на вирусот, секако крајот на летото, месец септември би овозможил да се направат избори со најголема безбедност по здравјето на граѓаните.

Секоја лоша проценка, неорганизираност, непочитување на мерките за физичка дистанца, носење на лична заштита, неорганизираност на самиот изборен процес, претсојните верски празници, отварање на моловите, градинките, угостителски објекти, зелените пазари  ќе мора да имаат ригорозни мерки за почитување на препораките на комисиите, или ќе доведат да повтроно се јават жаришта на Ковид19 со тоа сето до сега сработено каде што здравствените работнци и по цена на своето здравје работеа макотрпно се претвори во едно големо фијаско.

Во наредниот период ќе дојде до отварање на граничните премини што ќе доведе до зголемен  број на патувања во соседните земји како и тие што ќе  доаѓаат од соседните земји кај нас кои се далеку од контрола, како Албанија, Косово а моментално ново жариште во Република Србија се градови во непосредна близина до нас, се додатен ризик фактор да одново со уште поголема агресивност се поврати пандемијата.

Затоа е потребно оние кои се за брзи избори да дојдат во болниците, кај матичните лекари, на одделенијата за интензивна нега, на Инфективна Клиника и ГОБ 8 Септември и секаде каде се лекуваат пациенти со Ковид19 како за секој пациент макотрпно се работи колку труд, самопожртвуваност, без да се штеди сопственото здравје како и здравјето на своите најблиски, сето тоа ќе се сруши и затоа пред да се донесе одлука за избори да се земат во обзир сите препораки на струката.