вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Какафонија

Какафонија

Чудо е ова животот што го донесоа ѓон Црпко предавнички и дружината му од ѓон СДС предавничка. Живот за сите или едно општество за сите како што велеа, ама не докажаа дека под тоа „сите“ се подразбираат само тие самите. Останатите сме осудени на преживување и поднесување на секаков облик на тортура. Овие од ѓон СДС предавничка се однесуваат како целото време на Македонскиот народ да им е доделено ним и само ним да го потрошат, а при тоа намерно создаваат какафонија (не на звукови, туку на информации или дезинформации) за да можат да ја заматат што повеќе за да не биде бистра. Оти во бистрината ќе им се види нивната валканост, подлост, мрзливост, злоба, завист, неинвентивност, арамилак, деспотизам, недемократичност, ограничен ум и што ли уште не од нивната паднатост.

Затоа си велат: „Подобро да ја матиме и да го матиме умот на народот, отколку во бистрина и трезвен ум да видат што шкарт сме и да не разоткријат како ги измамивме само и само за да се добереме на власт“. Ете тоа е целата стратегија на ѓон СДС предавничка, сублимирана во една проста реченица: „Стратегија за измама на сопствениот народ“. Ова со „сопствениот народ“ е само метафорично кажано, тие и така одамна се одродени од Македонскиот народ така што и не им паѓа тешко да го мамат Македонскиот народ, да ја редефинираат државата и над се да тендерисуваат до бескрај, секако во матно, а во исто време ѓон Црпко предавнички да глуми наивност во јавните настапи.

Ете затоа и во последниот еклатантен случај на загрозување на животот и личната сигурност на Јанакиевски и Ристовски во затворот во Шутка, направија таква какафонија, за да не може да се препознае лагата од вистината, односно да се препознае нивната недемократска, узурпаторска, деспотска власт. Во целата дефокусација на јавноста, дури се обидуваат да ја протнат и легализацијата на употребата на Канабисот или познатата Марихуана. Секако, одлично време за протнување на ваков закон и легализација на „лесни дроги“ и отворање на нов „бизнис“, а да се потсетиме кој има најголеми плантажи за одгледување на Марихуаната за медицински цели и со тоа и добра предност за почеток на новиот бизнис.

Тргајќи ги сите нивни „теории“ за исценирани, провоцирани и незнам какви модели на одвлекување на вниманието на јавноста вклучително и занимавањето со колегата Мицкоски зошто бил во посета на Јанакиески во болницата, останува само една и единствена вистина  (а вистината секогаш е само една, се друго се нејзини модификации), дека управата на затворот Шутка, Управата за извршување на санкции, Министерството за Правда, Министерството за внатрешни работи и Владата, сите заедно, неможат да гарантираат безбедност на лицата кои (праведно или неправедно) се наоѓаат во притвор или на издржување на затворска казна. Одамна ни е јасно дека личната и јавната безбедност во Македонија не се ни на десетто место по приоритет на оваа узурпаторска и диктаторска влада, бидејќи голем број на убиства и други тешки кривични дела не се откриени, ниту нешто се работи за да се откријат. Но, во исто време да се „забавува“ граѓанството со апсења за да се прикаже дека нешто се работи, а всушност за да се сее страв помеѓу политичките не истомисленици е врв на изгубен контакт со реалноста, а не пак призрак од некаква си демократија па дури и по теркот на ѓон Црпко предавнички и ѓон СДС предавничка.

Наместо да следуваа оставки (дури и како одраз на морален чин) од директорот на затворот Шутка, од директорот на управата за извршување на санкции, од Министерот за Правда, од Министерот за внатрешни работи и на крајот и од Премиерот, ние два дена имаме какафонија на дезинформации, полуинформации и глупости, а се со цел да се дефокусираат граѓаните и да незнаат што точно се случува. Најмалку се поставува прашањето за состојбата на жртвите (Јанакиевски и Ристовски) како кон луѓе кои доживеале напад врз нивните животи, никаде не се зборува за преземање мерки за казнување на албанските терористи кои ги нападнаа и за тоа какви превентивни мерки ќе преземе управата за извршување на санкции за да не се случуваат вакви работи во иднина.

Се поставува и едно клучно прашање (впрочем неколку се), а тоа е:

„Како е возможно лица осудени за тероризам на долгогодишни казни затвор да се сместени во ист објект и да бидат воопшто во контакт со лица притвореници или други лица осудени на казни затвор за помали кривични дела“?

Другите прашања кои се наметнуваат се однесуваат на достапноста за контакти на социјалните мрежи на осудени лица, постојан контакт со нивните семејства, испраќање во јавноста на насилнички, шовинистички, расистички и други пораки од осудени лица за тероризам.

Потоа, како е возможно вработен во затворската полиција јавно на социјални мрежи да се заканува со сексуално насилство врз притвореници, а уште по „чудно е“ како сега МВР и ѓон Спасовски предавнички не реагираат за говор на омраза и нема никакви мерки против овој типус кој треба да ја штити законитоста и да ја гарантира личната безбедност на притворениците и затворениците, но затоа против колеги универзитетски професори и граѓани кои не ја поддржуваат политиката на ѓон СДС предавничка експресно се преземаат мерки на прогон од страна на МВР.

Сепак најголемото прашање кое си го поставувам во оваа какафонија која ја создаде узурпаторот и велепредавникот ѓон Црпко е: „Дали можеби вие од узурпаторската власт на ѓон СДС предавничка, заедно со ДУИ потрчковците, не сте свесни дека на се има крај и дека не што ја отвората Пандорината кутија, туку и ја натиснавте до крајно напрегање спиралата на трпени, но и спиралата на насилство“?

Доколку не сте свесни за последиците од вашето владеење, треба да бидете свесни за последиците кои може подоцна да дојдат, и да не се мислите многу, „со каков аршин мерите, со таков ќе ви се мери“. Поддржувајќи насилство и сдоздавајќи какафонија, ќе дојде денот кога вие  ќе ја барате вистината со боринче, но заплеткани во темнината на од вас создадената какфонија ќе ги слушате само ехото на вашето адско смеење врз маката на другите, а нема да можете да го видите дури ни призракот од светлината. Не за друго, туку затоа што како насилна власт дадовте таков пример. А, Груевски испадна дека е во право, кога се дрзнавте ова да им го правите на Јанакиевски и Ристовски, тогаш со сигурност него едвај го чекавте за да се изживувате.

Можете да се изживувате врз целата држава како што тоа впрочем го направивте и се уште го правите, можете и врз народот да се изживувате колку што сакате како што и правите, но ве уверувам не и до кога сакате.

Видливо е дека ништо конкретно и од полза за Македонија и граѓаните не направивте, така што единствено се обидувате да понудите гладиаторски игри и крв како добри ученици на безбожните римски цареви.

Господ да ги закрилува и сочува сите затворени кои страдаат од оваа ненародна хунта, и да им даде утеха на нивните семејства и на сите нас. Ќе му дојде крајот на оваа зло, а нам ни останува покрај молитва да земеме и мотика и со активизам да поработиме сите заедно на полето на Македонија и делото за враќање на демократијата во нашата татковина, колку и многу предавничкото СДС да се труди да направи какафонија, а се со цел да не дефокусира и збуни.

На денот на Св.маченик Никофор (Победоносец)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов