петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Медиокритет

Медиокритет

Кога во една претходна колумна Ви глаголев за политички некоректното однесување на лицето Зоран Заев и неговиот извршител Спасовски, сакав да посочам дека политичката парадигма на 21 –от век е нешто сосема различно од однесувањето на Заев во македонската политика. Секако, не сум наивен да мислам дека СДС има различна матрица од неговата персонална за да може на друг начин да води политички „натпревар“ освен на ним својствен начин – дерогирање на политичкиот процес, кој јас еуфемистички го нареков „политичка некоректност“. Но, СДС и Заев не би биле тоа што се, неинвентивни политички лузери, ако не го потврдат и надополнат мојот став и тоа директно, практично и најочебијно.

Расфрлајќи се со теории, терминологии и зборови, теоретски и семантички неразбирливи за него самиот, Заев продолжува со неговото јавно онанирање. Мислев и попусто се надевав дека јавното онанирање на Заев ќе заврши, а кое Салвадор Дали го нарече „Големиот мастурбатор“, кога онака безобразно со цинизам и омаловажување за трошка власт ејакулираше врз македонскиот народ, врз коските на предците врз неродените идни генерации, лаконски прифаќајки ги т.н. добрососетски договори (Тиранска платформа, Договор од Нивици, Договорот за добрососетство). Ова како врвно олицетворение на неговата политичка перверзија, а наведувањето на сите негови сексуално-политички перверзии, на кои бевме изложени во минатите три години, ќе ми одземе премногу простор и верувам дека ќе биде болно сеќавање за сите нас. Впрочем, верувам дека во иднина психолозите кои се занимаваат со политичките сексуални перверзии, пред сè садомазохистички, ќе го имаат Заев за исклучителен егземплар, своевиден еталон. Достојна замена на Маркиз де Сад и Леополд вон Мазох на Балканско ниво. Токму поради ова, во една моја колумна, Заев го инаугурирав во претставник на политичката понерологија, за овој дел од светот. Патем за овој негов политички егзибиционизам со врвен дострел сметката сè уште не е испорачана, по некои мои сознанија ќе биде многу поголема од онаа во Пигал.

Па така, нашиот „Херој на магарцу“ во состојба на егзалтираност, поради консумирање на енормна количина од ферментиран клиентелизам и полтронство во СДС, ќе изјави дека е следбеник и протагонист на „real politic“!? Види, види – нерде Бизмарк, нерде Заев! O tempora o mores!

Дали некој ќе му каже на Заев дека промовирањето на „реал политиката“ како правец на политичко делување е благо речено евроскептицизам, со што Заев својата политичка олигофреност ја заокружува со политички хермафродитизам – ни риба ни девојка, особено кон пристапот на Македонија кон ЕУ во што нели толку силно се колне. Едно мисли, друго зборува, трето прави. Прашањето е: дали е за ЕУ или пак не е, дали ги споделува европските вредности или пак останува во доменот на балканскиот примитивизам, онаму од каде и беше црпнат?

Европската Унија, колку за запознавање на Заев, е сосема нешто друго: обединување, заеднички интереси, високи цивилизациски вредности, културна заедница, рамноправност меѓу народите или Европа на народите. Кога Шуман говореше за обединета Европа на ум го имаше лозунгот на Француската револуција „Liberté, égalité, fraternité“. Тоа е она истото што нашиот Апостол Гоце Делчев, кој Заев и СДС упорно се одбидуваат да го отстранат од нашата колективна  меморија, не знаејќи дека тоа е во ДНК кодот кој не можеш да го избришеш наспроти меморијата, генијално го сублимираше во „…поле за културен натпревар меѓу народите“.

Да зборуваш дека си следбеник на Бизмарковата „реал политика“ на почетокот од 21-от век, ми звучи како пласирање во јавноста на нов Франкештајн во обликот на своевиден политички неомодернизам, кој делува толку архаично така што повеќе зборува за личноста која користи термини кои не ги разбира отколку да е вредно за дискутирање. Имено, карактеристично за Заев е дека не знае и што е уште пожално за нас,  не знае дека не знае. Поради ова „топло“ им препорачувам на неговите советници најпрво да намалат со програмата за товење со клиентелизам и полтронизам и да ги креираат неговите јавни настапи согласно неговиот интелектуален капацитет. Белким, ќе изгледа поприродно и нема да поставува антитези на стратегиските политички определби на Македонија, а откако тоа ќе му го залепат во ЕУ да се вади на други или дека не бил соодветно разбран па да се само демантира. Навикнати сме ние да го гледаме Заев како стоо во црпнато издание од мало морген па до задутре, но во ЕУ ова не поминува.

Сепак, Заев е медиокритет кој што е таму каде што е благодарение на склоп на разни околности, некои ги нарекуваат „црни лебеди“, без негов разумен допринос (можеби разумен компромис) или пак квалитет. Проблемот настана тогаш кога разно-разните псевдоинтелектуалци го убедија дека тој е исклучително интелигентна личност, величие, лидери-ште, малте не обединител и спасител на Македонскиот народ, по што тој започна така и да се однесува. Неговото гротескно однесување ни најмалку не е смешно, напротив беше и сè уште е застрашувачко за опстојувањето на Македонскиот народ.

За крај, раскошниот политички дискурс на политичарот Заев не е ништо друго до „Credo quia absurdum est“ (верувам, бидејќи е бесмислено).

 

На денот на неделата на Православието (првата недела од Великиот пост)

 

Вонреден професор д-р Оливер Андонов