вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

На Исток ништо ново, на Запад уште помалку…

Македонската гастрономска недела започна со поштенски доручек на непоштеното кумашинче на Заев, продолжи со евро-палачинките на граничарот Шкрета вљубен и сликан со истото тоа другарче, кој (веројатно по навика од шарената дееволуција) си земаше по дваевче од човек на граница, перипетија за ручек беше труењето на човечето кое неизбежниот во секоја приказна ЗЗ го стори премиер, за ужинка кулминираше со дечкото со тупето кој сонил датум и договор со браќата Бугари и доживеа расплет или вечера со гласното Петково „НЕ“ кое без пардон и со голем ќеф ни го плесна Генчовска. За повраќање на и онака „бљак“ конзумираното, задолжен беше ненадминливиот во антимакедонштина Црпко, овојпат во Атина заедно со неговата награда и „бутни два прста во уста и терај“ булазнења околу добробитта на преспанската капитулација. Не, нема дерман од него...
На Исток ништо ново, на Запад уште помалку…

Во исто време кога Таче го лечеше мешето од грчката посластица, бугарскиот забранет десерт му го дорасипа метаболизмот  и варењето на престолонаследникот. Забранет, како ВЕТО. Стара прикаска, нов „премиер“. А веднаш по него и Заев беше во Грција?! Чудно, нели? Уште поиндикативно е што сето тоа со стомачињата на властодршците се случуваше во време кога на народот истиот тој стомак се повеќе и повеќе му свиреше. Од празнотија, минимални плати и максимални цени. Да, кармата е кучка, дефинитивно…

Македонската гастрономска недела започна со поштенски доручек на непоштеното кумашинче на Заев, продолжи со евро-палачинките на граничарот Шкрета вљубен и сликан со истото тоа другарче, кој (веројатно по навика од шарената дееволуција) си земаше по дваевче од човек на граница, перипетија за ручек беше труењето на човечето кое неизбежниот во секоја приказна ЗЗ го стори премиер, за ужинка кулминираше со дечкото со тупето кој сонил датум и договор со браќата Бугари и доживеа расплет или вечера со гласното Петково „НЕ“ кое без пардон и со голем ќеф ни го плесна Генчовска. За повраќање на и онака „бљак“ конзумираното, задолжен беше ненадминливиот во антимакедонштина Црпко, овојпат во Атина заедно со неговата награда и „бутни два прста во уста и терај“ булазнења околу добробитта на преспанската капитулација. Она, кога крајот неделото/неделата го/ја краси. Разочарување и за сите оние суртуци кои мислеа дека Муртинхаузен порано морал да лаже дека Преспанскиот е добар за Македонија, за да владеел. Дилајли. Нема дерман. Видеото со ЗЗ станало инстант вирален хит, крајно учинковит и бесплатен лек за повраќање, башка ултра ефектен лаксатив…

Веројатно, во целата прикаска изненаден бил саде Бујар, кој, да не се лажеме, не очекувал датум ни на сон, ама мислел/се надевал дека колешката му Теодора нема јавно да му тресне ново вето веќе следниот ден. Ок, ја помешал со послушното дејствување на СДССС. Пуста навика. Поверојатно, статива. Или беше пенал? Да, Дора го предизвика Буки да измени Устав и Бугари да вметне до јуни. Упс! Арно ама, ова не бил Попис, па пиши-бриши што си сакаш, хартија трпи се. За Устав ти треба 2/3 мнозинство во Собрание.  Значи, сепак, статива…

На Исток ништо ново. На Запад уште помалку. Ни на Југ… Класика. И пак, да не се лажеме, источното софиско развигорче е резултат на западниот бриселски ветер. Не не’ сакаат сега и со вакви клептомани на власт, а, искрено, не верувам дека некогаш и ќе не’ сакаат. И не, не сакаме да станеме Украина за да не’ примат, а ќе ја примат преку-трупа пред нас, факт. Многу, мнооогу повеќе сакаме да си останеме вака безначајни, забаталени и заборавени. Ако тоа е патот, чувајте го местото за некој друг, доста ни беше да бидеме „важни“, аман од шиканирање, насила менување имиња, носење двојазичност, Устав ко тоалетна хартија третирање, инсталирање идиотски владини лузерски гарнитури, арамилак на истите со лепливите рачиња, затворање патриоти, владеење без победа, сето тоа проткаено со толку многу суртучка агресија и ступидна ароганција.

И, аман бе дечки, достате со таа хипокризија, поштедете не од евтините флоскули за демек владеење на правото, почитување на малцински права, соживот и економски перформанси. Ајде, бидете фер и признајте дека кога ја примивте во фамилија истата оваа Бугарија која денеска не’ блокира и нон-стоп „ветира“, истата беше мафијашки рај на суртуци без вратови, од економија немаше ниту „Е“, правото го владееја истите тие безвратни вагабонти, а малцинските и човекови права ги почитуваат исто колку и денеска. НУЛА. На квадрат. Куб ли беше…

Сфатете дека ни е преку глава од „добрососедски“ уцени и ултиматуми. Доста ни е, аман. А ова мазохистичкиве ни властодршци со стокхолмски синдром задоени, може слободно да си ги земете по дома кога ќе траснат на следните избори, кога и да бидат. Макар и демек пописна дупка имаме, со алал ќе ви ги дадеме. Ок, дунстерите може и не знаат ништо да работат, ама за фарбање, лага и  крадење се одлични. Докажано. Палјачовци или кловнови да не ви фалат? Може да ви потпишуваат се’ и сешто, 24/7, без пардон ќе ставаат парафи на се’ што ќе им дадете. Немајте гајле, не го ни читаат тоа што го потпишуваат, факт. Смислете им нешто, може и да ви бараат нинџа желки по канализација, а добри се и за промена на име, останува саде да си смислите некое.

Само, имајте милост. Бидете фер, направете им ќеф  и „учинете“ им. И нам, за промена. Сместете ги некаде  понасевер…