петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Не му е гајле кој ќе умре, муртинскиот падишах си бара соучесници

Не му е гајле кој ќе умре, муртинскиот падишах си бара соучесници

Полека но сигурно доаѓаме до крајот на олигофрената приказна наречена обезличување на Македонија, која како своевидно крешендо на незапаметената неспособност на СДС, треба да заврши со предвремени парламентарни избори. Македонија денес, падната на колена, уценета и обезличена, обесправена, ограбена и осквернавена го чека денот на изборите по кои дефинитивно ќе се знае нејзината иднина.

Во меѓувреме, нашиот забетониран идентитет, доживува тешки дебакли на меѓународна сцена, на која за хрватскиот дневен печат сме „експериментална држава некогаш позната како Македонија”, за  официјалната политика на нашиот источен сосед (оној истиот со кој се потпиша договор за пријателство и соработка) говориме „развален” бугарски јазик напишан на шумадиска машина за пишување, додека српскиот министер за одбрана порачува да си молчиме на непризнаениот јазик.

Како прваче што брза кон школскиот двор, Зоран Заев и неговото епски неспособно окружување, ја заборавија пандемијата со Covid 19, заборавија на 104 изгубени животи и заборавија на погубната статистика која укажува дека во просек десет проценти од направените тестови во земјава, на дневна основа, отпаѓаат на новозаболени од смртоносниот вирус!

– Избори мора да има, во најкраток можен рок! – се пенави муртинскиот падишах, па дури и си осмисли како со државни пари, да изведе наивен предизборен поткуп на граѓаните наречен „Трет сет економски мерки”. Откако тој и разбојниците околу него, ја опустошија Македонија до непрепознатливост и ја задолжија за наредните 100 години, сега со великодушно лицемерие и пари што ги нема, ветуваат спас „сет мерки за масовна потрошувачка” која (види чудо) ќе ја оправи македонската економија?! Никаде на светот не се случило оној што урнисал, да оправи било што, а најмалку тоа е Зоран Заев, кој покажа и докажа како се урива сопствената држава. Во третиот сет „мерки”  што треба да ги изгласа техничката влада, ниту самиот Заев не гледа помош за македонската економија!

Нему му требаат соучесници во злосторството, му требаат луѓе кои заедно со него за ситни пари ќе ја споделат одговорноста за предавствата, арамилаците, алчноста и грабежите, за кога ќе дојде времето за понесување на одговорност, да има кон кого да покаже со прст и да обвини дека и тие земале! Платежни картички од по сто евра, зелени нафти, ваучери за летување…повеќе изгледаат како подароци раздадени за „душа” на Македонија  која од петни жили се трудеше да ја исчезне, отколку било каква помош! Ете тоа се прокламираните мерки на Заев!

Нема да помине !

Избори ќе се случат во септември, кога ќе има здраавствени предуслови за тоа, кога ќе биде задоволен условот за масовна излезност на граѓаните, без страв да излезат на гласање и кога муртинскиот падишах ќе мора да се соочи со првите резултати од своите погубни економски политики!

ВМРО-ДПМНЕ е спремно да ја преземе власта по изборите во септември, да ја стабилизира економијата по уништувачкито дивеење на Заев и да им обезбеди на граѓаните мирен и достоинствен живот!

Лагите и арамилакот од СДС се прочитани и крајот веќе им се гледа. Дури и кога ќе ги слушнете како врескаат дека ВМРО се плаши од соочување на избори, сетете се само дека од СДС повеќе никој не се плаши…

Сите подеднакво ги жалиме.