Еве, мина и цела една недела како отворам фрижидер, а види ти чудо – Заев го нема да излезе од него? Го нема ни у „дубоко“. Ѕиркам зад теглите ајвар, го нема ни таму. Зад лутеницата или малиџаното. Јок?!
Немогуќе, си велам, што е работава? Па три години дерман немавме, што стана сега? Од толку гњаважа, силоважа и тупажа, пустите и се навикнавме, онака мазохистички нели.
Ајде, нова шанса. Оп, го нема и во ни зад бурето со туршија?!
Ај, трета мајка. Дигаш ве-це шоља, најочекувано да е таму, ама јок – го нема чедото црпнато? Четврта, петта, шеста можност… Јок. Цццц. Штама, калма. Туууу! Ја нема бре досадава, никаде. А минативе над 1000 дена сте се одвикнале од мир, спокој национален и кусок идиотштини.
Ама знаете, да не се разбереме погрешно, некако и не ни фали дневната дилајлина доза, нели? „Скроз“ не ни фали, ама ич, дефинитивно.
Да, неспорно, оти некому може и ќе му недостига неговото секогаш со лажна насмевка опашано фацулче и очињата пиљарски кои шараат по соговорниците, на друг ќе му недостасуваат стотиците зелени глупоштини популарно наречени ЗАЕВИЗМИ што со брзина од 200 км/час излегуваат од неговата уста, на трет ќе му фалат неверојатните ПОЛИГЛОТСКИ способности на кои може да му подзавиди и Трипио од „Војна на ѕвездите“, некому можеби и мајтапот и мангуплук кооперациски со кои ги извртува прашањата и насекаде ја срамеше државата, па дури може да ви зафалат и неговите муртински авантури со лажни принцови, Порошенка, Столтенберзи, утнати и превртени знамиња. Да, оти знаењето има граници, а незнаењето нема.
Постои „могуќност“ истата фалинка да важи и за размената на машни, целивките на пенкала, гушки, ко циганче на цреша фацки со светски лидери и редица други срамотилаци.
Искрено, ќе ви фали ли сето ова? Хммм, па го имаме документирано на youtube, секогаш можете да си ги вратите и смеејќи се да си споменувате за ликот и неделото на временската непогода насила наречена премиер. Претпоставувам и дека тогаш, за три месеци и два дена од денеска, поубаво ќе се смеете на гафовите и истресените глупоштини, оти само тоа и ќе му остане на лидерот на хунтата која без да победи на избори успеа времено да го смени името, уставот, а се дрзна и да ја менува историја.
Фер, на штетата ќе мора да се работи, да, многу. Јап, кога некој до толку ќе ус.ре, друго чаре нема. Полошо е што, најверојатно, нема ни да има друга шанса, ако ја утнеме оваа…
Или, поневеројатно можеби, ќе ви фалат Рекет 1, 2, 3… Кај и да е ќе стигнат до 1001. Не ноќ, рекет.
Ќе ви мањка и убавото му распашано и зајдено во сељачки гламур друштво на Какица, Бокија, Кики, Фрики, отец Номче и другите раскалашани распрденици? Ќе ви недостигаат ли и срцките министерски самобендисани и крајно неспособни, кои субвенции не даваа. Епа, ај на катастрофиве на две нозе на 12-ти да им го субвенционираме што подолгото отсуство од политичката сцена. Само, да не бидат оние аланфордовските „Наоружај се и бегај!“ или „Да бегаме, тие се двајца, а ние сами!“
Гарант, некому сигурно ќе му фалат тендерите, на Рашо, Цвета и Букија сигурно, башка и на пола влада, а на колегите и јуришници „неиновативни“ најмногу ќе им мањкаат азната од Фонот за иновации. Вам нема да ви фалат, гарант, ама сигурно ќе си приспомнувате на црнилата на владата која од пуста навика на наместен тендер го продаде и името и дузина други светии.
Така, во заборав од ридот, Деус екс макината и меЏународната, плејадата трагикомични ликови кои бескруплозно ја кроеја, черечеа и кастреа историјата и иднината на сопствената татковина, соочени со вистинска (без Рускоска и Кацарска) правда, можеби и ќе сфатат што погром и непростиво иле му сторија на овој напатен, но толку трпелив, горд и непокорен народ. Проблемот е во трпеливоста, да…
А, ако сепак, ви зафалат, макар трунка, најверојатно ќе ги најдете. Знаете и каде. Без проблем. Ќе ги лоцирате лесно, а тие сигурно ќе си бидат таму ако посакате да ги видите. Гарант, оти тие не ќе можат да излезат по сопствена волја. Ок, дел најверојатно со новата голема преселба на богатуните ќе летне во странство. Да, поверојатно и дека љубителите на северната страна на светот ќе заминат на исток или југ. На запад и на север важат закони и договори за екстрадиција. Ви текнува…
Не грижете се, за „баланс“, привиден барем, уште 4 години ќе го имате за да го трпите Таличниот кој многу милува да ја спомнува страната контра јужната, насаден на Водно за да ни реди ко бапчорка колку било убаво со Зокија, па како заедно едно општество за едни исти ликови правеле, па оксиморонски насила донеле демократија, па како „режим“ урнале, па како мед и млеко течело. Уште две години ќе ги трпиме и Шики и градоначалничката четна лакрдија неотрезнета, шверцерска и насилничка, но ќе издржиме, нели.
Затоа, сега, откако првата недeла мина и видовме колку може да биде убаво без него, абе нирвана македонска, ајде да се потрудиме така и да остане, чувството да трае, но да се вложиме малу и за многу подолгорочен мир од глупопштините Зокиеви, на страна смената и на останатите урнебесни ликови од Илинденска бр.2.
Нема да ни фалиш будалче, пишаа пред 7 дена. Не беше фер, будалите не знаат што прават. Дилајло, подобро стои…
За многу недели нека е . И години…