петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

НИКАКВИ МОЖНОСТИ не создадоа и НИКАКВА НАДЕЖ не оставија

НИКАКВИ МОЖНОСТИ не создадоа и НИКАКВА НАДЕЖ не оставија

Додека ЕУ ги поедноставува условите за престој и работа во нејзините земји за граѓаните од трети земји, Владава во континуитет ги поедноставува условите за егзодус од земјава.

Предлогот на Европската комисија до Европскиот парламент е олеснување на дозволите за работа и престој за индивидуални и долгорочни дозволи,но и сезонски работници,за што се предложени две директиви.

Директивата за единствена дозвола се однесува за лица со легален престој и работа во земјите на ЕУ и истата ќе се издава за период кој е зависен од времетраењето на договорот за работа.

Директивата за долгорочна дозвола ќе им овозможи на државјаните од трети земји да поднесат барање до националниот орган, да живеат и работат на територијата подолг период (постојан престој) после три години живот во земјата, кој период до сега беше после пет години.

Дополнително олеснување ќе биде тоа што со оваа дозвола државјаните на трети земји ќе можат да се преселуваат во други земји членки на Европската унија, во случај кога причината е работа или студирање, без дополнителни барања.

Доколку старателот има дозвола, децата последователно ќе имаат право на долгорочна дозвола. Лицата со овој вид на дозволи, при случај да отсуствуваат од територијата на ЕУ за период  до 24 последователни месеци, нема да  го изгубат својот статус.

До крајот на оваа календарска година,се очекува да се заврши донесувањето на регулативата во ЕУ.

Интенцијата на земјите западно од Балканот е привлекување и интеграција на балканците како работна сила, поради високиот степен на образование, лесно прилагодливите карактерни особини и културата на живеење. Следниов период Германија планира да вработи околу 50.000 работници од Балканот,а ист број работници го очекува и Англија.

Според статистичките податоци на  Евростат последниве 10 години бројот на македонски државјани кои добиле дозволи за работа во земјите од Европска Унија е зголемен за повеќе од 10 пати.Ако во 2013 година 1.283 државјани на Македонија добиле дозвола за работа во земјите на Европска Унија,во 2019 година се издадени 11.427 дозволи за престој врз основа на вработување.

Во ситуација кога во Европската Унија, Европската комисија доставува предлог директиви до Европскиот парламент за еднократен и долготраен престој и дозволи за работа во земјите на ЕУ за државјани на трети земји,што прави Владата во насока на подобрување на условите за живот,со цел иселувањето да се намали?

Што направија во годиниве наназад за подобар и поквалитетен живот,какви можности создадоа и каква надеж, дека се движиме кон подобро.

НИКАКВИ МОЖНОСТИ не создадоа  и НИКАКВА НАДЕЖ не оставија

Фокусирани беа на потпишување договори ,подарување пенкала и гајбички со домати, секоја нова календарска година ветуваа и најавуваа очекуван економски бум.

Од сите тие најави само очекувањето ни остана,а секоја година доживувавме корупциски и инфлациски БУМ.

Да се завртиме зад нас годиниве може да споредиме и да се запрашаме:

Имаме ли подобро и поквалитетно образование?

Имаме  ли подобро и поквалитетно здравство?

Имаме подобра патна инфраструктура ?

Имаме поквалитетно и побогато земјоделие?

Имаме ли поквалитетни културни настани и поактивени спортски?

Имаме ли подобар и повисок стандард?

Трагично е што на секое прашање одговорот е НЕ.

Квалитетот на живот е на најниско ниво,имаме најмал раст на БДП во споредба со земјите во опкружувањето,со највисока инфлација во регионот,највисока корупција,што е тоа со што владата го спречува егзодусот?

Наспроти тоа потребата од работна сила во земјава Владата ја проценува околу 10.000 работници годинава.Ако минатата година се издадени 5.300 дозволи за работа за лица од странство,оваа година до сега издадени се околу 1.600 работни дозволи на странски државјани.Од идејата и најавите за увоз на работна сила од увезените работници скоро една петтина се управители.Што увезуваме???

Најголем број на лица кои добиле работна дозвола во државава се од Турција,па Косово,Србија,Албанија,24 лица од Филипини,12 индијци,10 мина Пакистанци,5 мина Непалци.

Во кој правец се движи државава кога ништо не се презема за да се намали одливот на работоспособното население,а условите за работа споредено со земјите од регионот се далеку од атрактивни.Потребата од работници во градежништво и во преработувачката индустрија е најголема,каде со последниот  договор за патна инфраструктура за нивно ангажирање работното време веројатно ќе се зголеми од 40 на 60 часа.Ова е противуставно и е во спротивена насока со она што е актуелно во земјите членки на ЕУ, каде работните денови во текот на една седмица се намалуваат на 4 денови.

Како ќе бидеме атрактивни за увоз на работна сила кога во регионот имаме најниска минимална плата (Црна Гора  450 Евра,БИХ минимална плата е  280 Евра,во Хрватска минималната плата изнесува 560 Евра,во Словенија 878 Евра).

Но кога ќе се запрашаме дали можете да насетите дека нештата ќе се променат на подобро,мораме да се свртиме кон себе и одговорот да ни биде исклучиво:

Само ние самите и никој друг нема да ни создаде подобар живот. Мораме.