четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Од денес Македонија почна да дише на РЕСПИРАТОР

Од денес Македонија почна да дише на РЕСПИРАТОР

Од денес Македонија е ставена да дише на респиратор, власта потфрли, ситуацијата излезе од контрола, жално, но вистинито.

Заврши 80-часовниот карантин, градови ставени како под казна, поради туѓи грешки, односно желби… желба за власт, за пусти пари проклети.

Туѓи грешки или желби, Скопје, Тетово, Куманово… беа затворени како животни во зоолошка, а знаете зошто? Јас знам!!! Поради гласови и желбата за власт, желбата за пари!!! И како да не беше малку 107, 111, 125, 180 заболени од корона, починати се множат, вие како папагали, ИЗБОРИ, ИЗБОРИ, ИЗБОРИ.

Точно избори ни се потребни, бидејќи вака веќе не се функционира, гледате само како ќе си наштетите еден на друг, вината била на овој, вината била на оној, на крај страда народот.

Но избори во ова (НЕ)време, се темпирана бомба, која кога ќе експлодира, слките од Вухан кога луѓе се влечеа по улици од болки ќе бидат само лоши за гледање, сликите во Македонија ќе бидат грозни, сликите во Македонија ќе бидат страшни.

Проста математика, во Македонија има над 1000 избирачки места, во едно избирачко место има минимум 15 луѓе, членови на избирачко место, набљудувачи, обезбедување (полиција), во најмала рака на изборите ќе бидат ангажирани 20.000 луѓе, сите тие имаат фамилија… не избежен е блискиот контакт, маската ќе мора да ја извадиме за да не препознаат, треба да не прснат со спрејот, пенкалото пред вас го фатиле куп луѓе! Замислувате ли сега за каква темпирана бомба пишувам?

И кога нашите соседи прогласуваат победа, економијата ја опоравуваат од шокот кој и беше зададен, ние ем влагаме во поголема здравствена криза, ем економијата почна да добива нокаути.

Читам  по порталите, Вучиќ вели дека просечната плата во Србија ќе била 900 евра, ние се уште живееме со надежта дека некогаш ќе достигнеме 500 евра. Облакаше „железни опинци“, ама од 400 не мрднавме, но не благодарејќи на тој што ветуваше дека „железни опинци“ ќе облечел.

Кога ви велеа дека треба да се прават што е можно повеќе тестови, вие будали ги правевте, ама сега тоа од глава ви се удира, Велигден и Задушница ги ставивте под клуч, ама Бајрам го отклучивте и тука ја направивте катастрофалната грешка, тука кикснавте, а тој кикс ќе ве чини многу, тој кикс ќе ве чини човечки животи, тој кикс ќе ве бутне во бездна од која нема излегување, ќе бидете како давеници кои бараат сламка за спас во сопствената поплава.

Земји како Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија ни забрануваат влез на нивна територија, земји кои до вчера учеа од нас, денес се потсмеваат на нашата “способност“.

Одлуки носите преку ноќ, а со тоа правите паника меѓу народот и го оставате на милост и не милост, испаничени чекаат ред по маркетите и пазарите ризикуваќи да се зарази, нели е малку подло и безмилосно?

Сте се запрашале ли некогаш како се чуствува народот, ве интересирало ли тоа некогаш? Сте си рекле ли барем еднаш, еднаш, како му е на овој народ кој ме гласа на избори?

Или за вас тој е само гласачко тело, кој ви овозможува да дојдете на власт и да се збогатите?

Погоре пишав дека ова го направивте за гласови, за власт, за пари, стојам позади тоа, сфатитвте дека без гласот на Албанците црно ви се пишува, бидејќи знаете што ќе ви се случи доколку останете сами, ама и тука кикснавте, не само што кикснавте туку сами „гробот си го ископавте“, токму кога мислвте дека со умилкување кај Албанците ќе го добиете нивниот глас, на прагот сте да и ја нанесете најголемата штета на Македонија, на прагот сте да ја завиете во црно Македонија и само со еден единствен потег, УМИЛКУВАЊЕ.

Толку сте проѕирни, толку сте очајни, што ни скапиот ПР не може да ве извади од Г*МНАТА во кои сте паднале. И не е само тоа, грешките ви се редат како на лента, Шекеринска се слика пред обележја на УЧК, раководството не ги почитува мерките (Штабот ви стана најголемо жариште на КОРОНА), економијата не ја клекнавте на колена, економијата ви е во класичен НОКАУТ, со една проста реченица, влегувате од грешка во грешка, а вие се занимавате со тоа што прави Мицкоски.

Активиравте специјална единица затоа што Мицкоски бил во кафана, жими мајка се однесувате како чавки ви го испиле паметот. Наместо да се фатите за работа, вие го следите Мицкоски, кај оди, што прави, голема работа, небаре спрема терористички напад. Абе црепови, пари ви даваме за да работите за интересите на Македонија, а не да ни правите евтини филмови, доста ни беа филмови.

Мицкоски бил во кафана, го прекршил законот и за тоа ќе си сноси одговорност, што политчка, што законска, него вас болниците ви се полнат, луѓе ви умираат, а сиромаштијата на големо ни чука на врата, Македонија од денес почна да дише со помош на РЕСПИРАТОР, додеа се уште остана време реагирајте за последиците да бидат помали, бидејќи тука „ЃАВОЛОТ ОДАМНА ЈА ОДНЕЛ ШЕГАТА“.

 

ПС: Не си играјте со трпението на Македонецот

 

Ристе Здравков