петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Попис по мерка на “животот”

Попис по мерка на “животот”

Попис редовна статистичка операција во секоја нормална држава со нормално функционирање на законите , со нормална власт и нормални институции.

Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство.

Пописот е најобемно статистичко истражување во однос на единиците што се попишуваат и најмасовно во однос на бројот на учесниците што учествуваат во неговото спроведување. Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето од теренот. Пописот претставува вкупен процес на:
– прибирање,
– обработка,
– оценка и анализа и
– дисеминација на податоци за населението, домаќинствата и становите во една држава.

Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година.
По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада.

Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување.
Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија.
Беше направен обид во 2011 година кој беше приказна сам по себе. Политички одлуки (пред се од коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ) . Причините за прекинот на пописот јавно не беа објавени, но како учесник во извршната власт како заменик министер, беше противењето на упатството на Државниот завод за статистика дека оние кои се надвор од Република Македонија повеќе од 12 месеци не треба да се попишат. Владата причините за прекинот ги “лоцира” во недоречености во примената од одредби на Законот за попис како резултат на недоволниот временски период за подгоотовка и обучување на учесниците во спроведувањето на пописот. Може слободно да се каже дека политиката ја победи науката со цел опстојување на коалицијата.

Денес една година пред почетокот на пописот, иако статистички и научно подготовките за добро спроведување на пописот траат 2-3 години, коалицијата на “животот” излегува со досега невиден предлог да пописот да биде без етнички предзнак. Јазикот кој се говори ќе биде основа да се преброиме. На глупоста и нема крај. Дали се плашиме дека некои нема да бидат толку колку што се прикажуваат или пак со евентуалната ратификација на Договорот од Нивици граѓаните не ќе можат да се изјаснуваат како Македонци.

Звучи сурово, но денес во Република Македонија се е можно. Со Владата на “животот” се е можно денес во оваа наша Македонија.

Како ние другите кои живееме во оваа наша Македонија ќе ги остваруваме нашите права , кога остварувањето на одредени права е поврзано со процентуална застапеност во државата. Или пак за оваа коалиција заврши процесот на интеграција, процесот на остварување на одредени права според принципот на правична застапеност. Сите се задоволни, и нема повеќе потреба од остварување на одредени права кои претходно беа уставно загарантирани.

Повторувам уставно загарантирани права , права кои што мора да ни следуваат. Но со последните груби прекршувања на Уставот , како највисок акт на една држава , овој акт се сведе на еден обичен “пиши – бриши “ документ , секој го толкува на свој начин, го толкуваат согласно потребите на “животот”.
Ако ваков закон помине во собранието на Република Македонија, единствената опција за одбрана на нашиот идентитет е бојкот на оваа статистичка операција, бојкот поддржан од сите етникуми и Македонци кои сакаат статистичка операција а не политичка.