четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Колумни

Поштенски резил со умисла

Поштенски резил со умисла

Голем се резил зададе, оттаде пошта северџанска. Јани ти резил водеше, а Зоче оро играше и сеир промовираше. Брука пукна голема, башка за 30-годишнина од независност стокмена. И сега, шу праиме? Со цел памет, Заевци за три децении независност промовираа поштенска марка со она на „С“?!?!  Арно ама, ништо не е случајно кај чедата социјалдемократски…

Ќе речете – ама чуму мораа таква глупоштија да стокмат, никој на такво нешто не ги тераше. Можеа да си минат и без навреда на Македонија и Македонците. Да, можеа, ама пустите мораа. Тоа северџанското не е заебанција, тоа е клетва, пресметана. Она, кога мораш по секоја цена да си го ништиш и навредуваш сопствениот народ и држава, блискиот свој особено. Проклетија, „врло“ доходовна за провокаторите, ама тоа е…

Другата страна на прикаската е исто така јасна. Заевци со овој чин со умисла сакаат да предизвикаат евтина бура на незадоволство и нов, природен наплив на национализам кај Македонците, за да истиот тој природен набој Зочињата-провокатори го искористат и пренасочат кон Албанците пред локалните ни избори. Да, за гласови се работи. Пак. А на Шики му е тесно, на другите уште повеќе. Сета оваа шарада за да „модерните“ дечки  прикажат колку демек ретроградна е македонската опозиција, а тие така широки, шарени и отворени за се’. Најмногу за пари и тендери…

Се сеќавате како не’ „работат“ со години? Ви текнува на провокацијата на 27-ми април 2017-та со која власт станаа, ви текнува како со поделбите и потенцирањето на демек северниот карактер на државата ве тераат да седите дома и не гласате за она на „С“? Ви светнува дека пред избори менуваа лични карти и пасоши со истата таа намера, само и само за да испровоцираат народ, затоа што ако нешто не им одговара на суртуците – тоа е многу народ на избори?

Епа, спремете се за уште мнооогу провокации, не само поштенски марки. Заевци, колку и да се антимакедонски дилајли, играат  на проверена карта. Нивниот адут е вашето незадоволство, кое напротив, треба да продуцира револуција или во најмала рака дебакл за СДССС на избори, а тие го канализират во неизлезност на истите тие избори и мрчење на ФБ и другите антисоцијални мрежи. Исто ко лав во циркус, кој кога дресерот го тепка со стапчето среде арената, тој наместо да го лапне сосе стапче, саде дига шепа за поздрав и прави „гррррр“. Не истренираа, а? И така, ќе дојдат избори, а Македонците испровоцирани со марки, карти, пасоши, учебници и што ли не ќе си седат дома затоа што не гласаат за ливче со она на „С“, а Зоче пак ќе се радува ли радува. Контрадикторно, забегано, заевистички, многу парадоксално, ама проверено…