четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Последната визуелна трага од Заев на ТВ екраните е апсолутна немоќ

Последната визуелна трага од Заев на ТВ екраните е апсолутна немоќ

Вторник 30 јуни.

Додека Наум Стоилковски со трозаба дрвена вила превртува шталско ѓубриво пред зградата на Јавното обвинителство, Македонија го дочека првиот (од планираните три) дуел помеѓу Мицковски и Заев. Младен Чадиковски изненадувачки коректен во модерирањето на настанот. Дуелите во принцип се убава можност за дополнителен импулс кај веќе и онака определеното гласачко тело, кому секогаш му е потребен екстра керозин за за очекуваното огнометно крешчендо на 15 јули .

Стамен, сконцентриран и вешто елоквентен Христијан ги елаборира своите ставови. Спокојно рутинирано со доза на оправдана сигурност која ја чувствува од штотуку завршена теренска средба со народот. Наспроти него во улога на рурален итроман, со нагласена гестикулација, рассеано внимание и неконтролирана амплитуда на гласот, Зоран Заев остава впечаток на човек дојден да го спаси она малку што може да биде спасено после три години власт. Одеднаш дебатата добива инаетџиски тек во кој Заев се обидува да го извулгаризира текот на разговорот користејќи удари “под појас” внесувајќи лични квалификации, закани кон родители сопруги и деца ! Очајот излегува на површина. Велат, давеникот за сламка се фаќа !

Синот на професорот и синот на евтиниот крадец на струја од струмичките бандери, влегуваат во клинч од кој на јавноста и станува доволно јасно за различноста на категориите во кои се натпреваруваат борците во арената! Образованието, културата, елоквентноста, широките светогледи, монашката смиреност и нескриениот раскош на домашни манири и воспитание, наспроти психичката несреденост, лабилност и неконзистентност на ставовите како и очајниот семантички кошмар, ја одредија превагата на народната паланца !

Не е лесно да се одбрани ирационалното, штетното, одроденото, погубното, неспособното, дотраенито и изгубеното, пред јавноста за која веќе знаеш дека те осудува, те презира и едвај чека да дојде денот за да го турне столчето од под нозете на едно епски недоветно владеење !

Не е лесно да си на дуел, со човек кој е длабоко свесен за анкетите кои покажуваат стабилна и растечка предност во пет од шест изборни единици. Не е лесно да си на дуел кога знаеш дека поразот од ВМРО-ДПМНЕ е веќе извесен и неизбежен, а Левица ужасно ти дише во врат и те загрозува во три од пет изборни единици. Не му е лесно на Заев на ова соочување!

Завршни зборови. Гневот го преплавува суштеството и го тера во нов изблик на очај. Мизеријата достигнува максимум, во желба да се напакости, да се излее жолчност и да се навреди соговорникот. Заев го кажа единственото што го знае и умее. Навреди, бес, лаги и пакости. Можеби и наспроти очекувањата на мнигумина, професорот Мицкоски во завршното обраќање, повторно покажува големина, такт и недостижна разлика во категориите. Доблесно, човечки, искрено, во манир на политичар од вонсериски маштаб, на соговорникот и неговото семејство им посакува здравје, лична среќа и успеси во животот на опозиционер.

Последната визуелна трага од Зоран Заев на ТВ екраните е апсолутна немоќ и подголтнување на жолчната горчина што секогаш останува по поразите.

Првиот… сношти на телевизискиот дуел…конечниот на 15 јули.