„Прирачник за самоуништување“ беше работниот наслов на филмот „Самоуништување“, од почетоците на македонската независност, филмот со Чичко Кумплунг, но е и добар наслов за однесувањето на актуелната власт.
Навистина не можам да сфатам како веруваат дека ќе се извлечат од дното кон кое тргнале. Последните анкети тоа јасно го покажаа. СДС веќе не само што не е прва, туку не е ни втора партија, туку трета според поддршката. Доколку вака продолжат, до пролет ќе бидат и зад Левица, по што јасно им следи „пасокизација“ (грчкото сценарио, каде ПАСОК целосно се маргинализира, а неговиот примат го презеде Сириза).
По изборите во 2020 година, СДС со желба по секоја цена да остане на власт, влезе во концептот „Псе јо“ на ДУИ и буквално даде се за да опстане на власт. Ги даде сите економски ресори, ги даде сите инспекции, агенции, јавни претпријатија, и едноставно ќе ревитализираше ДУИ. Од партија која тонеше во 2016та, и падна на 10 пратеници, ги факторизираше и им ја препушти владата во целост.
Токму затоа, и покрај катастрофалните резултати на ДУИ, „Интегративците“ тие имаат релативно стабилен рејтинг, додека СДС тоне секојдневно.
Една од причините поради која ДУИ се уште солидно котира, е и така поделеното етничко гласачко тело кај македонските албанци, кое се уште во голема мерка гласа низ едничка призма, а останатите партии (освен ДУИ) прават влези излези во власта, па час се во владата факторизирајќи го ДУИ, час се вон истата глумејќи опозиција. Токму ваквата политичка недоследност гласачки ги делегитимира, плус и поради ретроградните фолклорни националистички реторики, кои кај обичниот народ не проаѓаат.
Прашање е на време кога македонските албанци ќе се надминат сее си и ќе гласаат за политичка партии со програма, идеологија, но и број на пратеници кои ќе можат нешто да сменат. Дека интересите на граѓаните треба и мора да се над етничките делби, и дека сиромаштијата и лошиот стандард не бира ни по етнос, ни по вера, ни по образование.
Уште нешто за власта…
Самите чекори им се панични. Креваат даноци, бираат што народот ќе јаде, прават упад во колективните договори, ги покриваат криминалите на актуелните и досегашните функционери, даночна евазија, мито и корупција, инвестиции никакви (а и тие кои ги има не ги гледаме никаде)…
Секој кој се движи и низ Скопје, и низ градовите низ Македонија, гледа дека нови и непознати фирми градат зградишта, некои маргинални ликови возат нови и скапи коли, се товари имот и фирми со модата која се нарекува „тендераштво“, а секогаш победуваат фирми од Струмица, Куманово и од села од полошко.
Народот нема да заборави ни за името, ни за Преспански, но за Француски, ниту за двојазичноста, ни за Дурмо турс, ни за Беса травел, ни за модуларната болница, ни за онкологија, а најмалку ќе биде заборавено безмилосното крадење, но и изживувањето на моќниците врз оние кои со нив не се сложуваат, а го трпат нивниот терор.
Додека вашите пулени со возила на Брза помош истовараат коњопои за во некое казино, возат на диво такси и фиктивно се на платни списоци на државните органи, запишете си и запаметете што се правите, за да можете за последен пат да го напишете вашиот „Прирачник за самоуништување“.
Александар Ристевски