Веќе стана навика нов ден да значи нов резил за власта. Нивна среќа што немаат срам. Наш таксират…
Ете, деновиве дознавме дека Стево не е единствениот благонадежен политички мигрант од Македонија. Пуста желба за иселување имало и другарчето му Таче. Сепак, за разлика од Стеки, Ќуран освен што го милувал како идеја, заминувањето од државата го користел како закана. Да, верувале или не, деновиве протече дека при усвојувањето на Францускиот/бугарски предлог, престолонаследникот на предлогот да им се „учини“ на ВМРО со пеглање на истиот, ги плашел коалиционерите дека ако биде така, тој ќе даде оставка и ќе замине во Америка?!?!
Резултатот сите го знаеме, коалиционерите се исплашиле и го изгласаа најглупандерскиот и најидиотски „предлог“ во светот, закопувајќи ги евроинтеграциите на буниште, длабоко. Истите оние интеграции за кои децении ламентираат, кукаат, кубат коси и лелекаат ѓоамити некакви северни, патетични бапчорки.
Искрено, кога и вие би биле коалиционер на Таче, заканата дека ќе си замине од власта би ви била уплав, абе хорор. Па каде после ќе најдете дилајла ко него, каде по ѓаволите ќе ископате таков хохштаплер кој е еден во милион, како побогу ќе го замените човечето кое го надмина дури и Заев??? И нормално, ќе му дадете се’ што треба, ќе му угодите, ќе го тинтрате, ќе му викате дека е најубав, најумен, најхрабар, најмаж. Која будала би се откажала од услугите на најкорисниот идиот во светот на политикантите…
И тоа не е се’. Нормално.
Верувале или не, но ова се случува во деновите кога Таљо беше во Рим на поклонение на македонските свети браќа, а Ахмети прозборе македонски?!?!?! Аууууу, потоп ли бидна? Побогу, што се случува во Македонја, ќе се запрашате… Командант Форина се прошета, екскурзија, ок, ама главниот командант проговори! Чудо? Јок. Небаре бил нем, па сега прогукал ли? Ајте тие муабети. Ова е најдобар доказ дека крајот им е близу. Се’ ќе направат, еве го Али како доказ. Та Алија „збори“ македонски, та Таче пушта ишарети дека ќе се сели – два пати го кажал тоа, еднаш во СДСССС, еднаш пред Груби. а пусти Стево одамна си кажа што не’ чека кога ќе остане без претседателската фотелја. Ќе фати џенем, оти сам рекна што би сторил ако не бил претседател. А набргу, нема да биде. Абе непребол, трагедија, солзи само капат прости ми…
Она, кога од државниот врв само Таљо не сака да се сели. Цццццц. Најголемиот патриот е дезертер од конфликтот. Е, толку од македонштината на Таче и Стеки.
Туку, имам чувство дека во април следната година следува една нова голема преселба на народите. Пак на Словените, овојпат на оние кои сметаат дека немаат никаков македонски ген. Оние, „чистите“ Славјани од комунизмот. Само, сега за промена нема да им требаат цевчиња за да го минат/препливаат Дунав. Ќе го прелетаат со авиони. И знаете, тоа нема да бидат само Стеки и Таче, веќе декларираните птици преселници. Имам чувсто дека ќе се работи за една армија северџганистанци кои цели шест години користат манири на талибанци. Среќа што немавме џиновски Буда, ќе ни го срушеа. Затоа, пак, имаме нешто уште поџиновско и поголемо. Името МАКЕДОНИЈА. Северните талибани удрија по него, па сега ќе бегаат „у странство“, а ние ќе го враќаме. Аирлија!
Туку, мислам дека Таче, Стеки и бандата не треба да се грижат. И така изборите ќе бидат топ-тан, претседателски и парламентарни во пакет. По нив, откако народот ќе ве поздрави со една силна клоца претворена во глас, вие слободно фатете штрафта-џафте, со алал ќе биде. Дел во иностранство, дел во Шутка.
А народот, тој со голем елан и ќеф ќе ви изведе едно велелепно и невидено испраќање, една торжествена и ќефлијска „гудбај-парти“ достојна за помнење. Па и најголемите и најубавите дочеци на кошаркарите, ракометарите и фудбалерите ќе бидат гола вода во однос на овој зашеќерен „испраќај“.
Ќе ве испратат во историја со карта во еден правец. Сосе фотелјите. Да ви бидат вечен спомен за зулумите. Доста бевме држава во која само тајните служби го слушаат народот…