среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Рефлексии од лидерската, ДУИ нокаутиран, СДСМ во нокдаун

Рефлексии од лидерската, ДУИ нокаутиран, СДСМ во нокдаун

Рефлексии од лидерската средба

Друговерци, другоземци, френци или немци сте,

Не гибајте нарави наши, с клети луди моди ваши

Рајко Жензифов

На лидерската средба Христијан Мицкоски со предлозите до Ковачевски, постигна двоен бенефит: класичен нокаут на ДУИ – го исфрли од политичката игра, и СДСМ го доведе во нокдаун – откако го зашемети со предлозите, го остави да бира – уставни промени под услови што одговараат на интересите на Македонија, широка влада, ама без ДУИ, а за избори, има на располагање неколку термини.

И да се знае: Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на лидерската средба покажа дека Уставот е акт на суверена држава – Република Македонија, нејзина “света книга“, а не пластелин за политички игри.

Дискусиите по лидерската средба покажуваат дека Македонците не сакаат наметнат(окториран) устав, од бугарскиот политички естаблишмент и меѓународната заедница.

По долго време конечно лидерска средба

Пред да напишам и една реченица во оваа политичка анализа, сакам да потсетам за една работа, а и да признаам еден неспорен факт. Потсетувам дека на еден ден пред одржување на лидерската средба, во дебатна емисија на електронски медиум реков дека лидерската средба ќе биде разговор на глувонеми. Според тоа како се одвивала средбата и како се однесуваат Димитар Ковачевски и неговите соработници после средбата, повеќе од јасно е дека, јас сум бил целосно во право. Но, ред е да кажам дека застапував мислење оти нема потреба од таква средба. Се покажа дека не сум бил во право. Целосно ме демантира Христијан Мицкоски кој со политичката стратегија применета пред, за време на одржувањето на средбата и по неа, јасно ни покажа кој има морал, а кој не. Кој е човек од збор во политиката, а кој личност без образ во политичкото настапување и однесувањето пред јавноста. Толку. А сега да одиме со анализата со ин медија рес на лидерската средба.

Конечно се случи долго очекуваната и не/сакана лидерска средба помеѓу Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Македонија и предводник на коалицијата предводена од СДСМ и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозоцојата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Званично, као предмет на разговор на истата се најавуваа евроинтегразиите и добрососедските односи, а реално, сега кога и гори под нозе на власта, таа сакаше да разговара за уставните промени под диктат на Бугарскиот државен естаблишмент.

Опозицијата беше отворена и искрена и без политичко лицемерие предлагаше(тоа што го мислеше и за што се залагаше) да се разговара за оддржување на избори, бидејќи е убедена дека уставните измени, под такви услови, нема да се реализираат, т.е. нема ниту да отпочнат.

Во поглед на подготовките за лидерска средба, ги нагласувам следните факти: Мицкоски направи темелни припреми  и притоа беше максимално транспарентен свикувајќи ги највисоките органи на партијата, каде изгради партиски став за средбата, а изврши и консултации со коалиционите партнери, при што партискиот став го зајакна и со подршка од коалиционите партнери. Такво нешто не видовме кај Ковачевски, СДСМ и коалицијата на власт, или барем немаше состаноци во СДСМ, меѓу коалицоните партнери и средби на лидерите од владината коалиција, регистрирани од јавноста и медиумите, така да мислам дека Ковачевски на лидерската средба дојде прилично неподготвен, дури и во поглед на агендата, т.е. дневниот ред за средбата.

Можеби една работна група составени од членови на двете страни ќе успееше да дефинира јасен, концизаен, прецизан и утврден дневен ред за средбата, што ќе и помогнеше на јавноста со сигурност да знае за што се разговарало на средбата и за кои конкретни прашања имало обид за договор. Тоа не беше направено, па нормално е разногласието по истата. Веднаш по средбата ги чувме изјавите на двата актери, првин на Мицкоски, а веднаш потоа и на Ковачевски, и бидејќи и едниот и другиот беа јасни и недвослислени во своите искази, ама апсолутно нема никаква потреба, сега во деновите по средбата, некој, а тоа се претставниците на власта, да ни толкуват кој што кажал, бидејќи самите видовме и чувме. А нема потреба и никој да ни толкјува кој што сакал наводно да каже, од причина што сивата материја што ја поседуваме во мозокот сеуште не служи и многу добро разбравме кој што ни кажа за што се разговарало на средбата и дека договор не е постигнат.

Лидерската средба е закаснета, а се покажа и како неуспешна

Во оваа анализа ќе ги претставам моите ставови во врска со рефлексиите, од и за оваа средба, објаснети и поткрепени преку политичките глобали, во врска со севкупните состојби(општествени, политички, економски, социјални, психолошки) во Република Македонија, и дополнети со неизбежните политикантски игри и пикантерии, во смисла на лични заблуди, политички манипулации, невистини и лаги, чии носители, поточно протагонисти(невешти), антагонисти(збунети и хаотични), сценаристи(неуки) и режисери(неумни и аматери) се претставниците на власта..

И веднаш, како прво,  да констатирам дека лидерската средба е закаснета! Многу закаснета. Можеби ќе имаше некој бенефит од нејзиното оддржување доколку се одржеше една година порано, во времето на понудениот “францусји предлог“(поточно, или најточно бугарски предлог) и кога опозицијата предводена од Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, предлагаше широка јавна расправа(стручна, научна, академска), со цел постигнување национален и државен консензус во врска со ова горливо прашање од национален и државен интерес за Македонија и сите нејзини граѓани.

Како второ, мора да се има во предвид атмосферата и севкупната состојба во која се наоѓа Македонија(срозен и срамен стандард, загрижувачки висока сиромаштија, “бела смрт“ -иселување на млади и образовен и стручен кадар во континуитет, корупција во високите владини кругови, предизвикана преку кронизам и непотизам, организиран криминал според системот наместени тендери(спрега помеѓу високите државни функционери, бизнисот и криминалците), раширеност и пораст на сивата економија, партизирано и зависно судство, медиумски цензури, афери во здравството, обрзованието, културата, аферата “Бехтел и Енка“, аферата 78% покачување на плати на функционерите, како и протести на синдикалци од сите области, земјоделци, административци, здравствен персонал, професори, студенти, матуранти.

И наместо власта сериозно да се зафати со решавање на овие напластени натежнати работни и животни проблеми на граѓаните, и прашања од државен и национален интерес, таа, поточно претседатлот на владата Ковачевски, неговиот допретседател Груби, првиот дипломат Османи и истурениот евроинтегративец Маричиќ, се зафатија со “ѓаволска работа“ – убедување на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, да прифатат уставни промени според бугарски диктат. Без никаква соодветна стратегија и политичка тактика која и доликува на една демократска власт, овие политички авантуристи и дипломатски десперадоси, со методот “летање на пеперутки и цветање на рози“, се втурнаа во погубна авантура, “грлом у јагоде“ да убедуваат во/за нешто(а тоа нешто е лесноверно и наивно менување на уставот под бугарски диктат и меѓународен притисок), што реално не е возможно, од причини што опозицијата досега безброј пати беше игнорирана и понижувана, а народот манипулиран, изигруван и лажен, токму за тоа нешто – името Македонија, историјата, нашите великани во неа и  идентитетот македонски.

Карактерот и опфатот на средбата беа не типични. Отстапуваа од “пржинскиот модел“ – тет-а-тет на двајца лидери, без нивни најблиски соработници и коалициони партнери. Веднаш морам да констатирам дека во тој контекст Христијан Мицковски, како да беше чекор понапред од Димитар Ковачевски, се стекна со почетна предност, која се покажа како одлучувачка: Ковачевски не успеа да го убеди лидерот на опозицијата Мицкоски, да прифати уставни промени според бугарски диктат. А тоа е голем неуспех на власта и нејзино тотално фијаско на домашен и меѓународен план.

Но, бенефитот за опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски, и би рекол, најголемиот број Македонци е што се покажа и докажа дека власта нема двотретинско мнозинство за менување на Уставот на Република Македонија. Тука веќе излегоа на површина политикантските дворски игри на власта од типот “ВМРО-ДПМНЕ е разединето“, “вмровците се хаотични и не знаат што зборуваат“, “ние веќе обезбедивме потребен број делегати од опозицијата што ќе гласаат за уставните промени“, “уставните промени се готова работа“ и сл.

И сега, уште две констатации:

Ковачевски, СДСМ и сите претставници на власта манипулирале и лажеле кога изјавуваа дека имаат обезбедено двотретинско мнозинство.

Ја манипулирале јавноста, домашна и меѓународна, ги лажеле политичките противници, а ги самоизмамувале и ставале во заблуда и своите членови и симпатизери.

Многу нечесно и приземно од една власт која се декларира за демократска и милува да се нарекува транспарентна. Тука нема ниту “Д“ од демократија, а уште помалку “Т“ од транспартентност. Напротив, покажаа дека не им е позната етиката во политиката, а богами, докажаа и дека нивните комуникации се неискрени и нечесни.

Продолжува…