петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Резолуција па револуција во недостиг на СДССС еволуција

Можеби, не случајно, РеЗолуција има само една различна буква со РЕВОЛУЦИЈА. Епа, макар на есен, зборот со З, нека биде увертира во оној со В. Оти, безрбетниот Заев по навика повторно гњави со Север за да му угоди на бирократот од Запад и за да му учини на побратимот од Исток. И, несомнено, пак ќе продаде се’ што не треба. Да, бидејќи нема, ниту ќе има абер од некаква Зоранова македонска ЕВОЛУЦИЈА, наместо летна РЕЗОЛУЦИЈА, време е за есенска РЕВОЛУЦИЈА...
Резолуција па револуција во недостиг на СДССС еволуција

Си биле едни комуњари. Децениски сиви собитија. Не во 50, во 150 нијанси. И си имале една едноставна финта на која нон-стоп се шлепале. Да, лесно се трансформирале, оти биле од пластелин, пифтија ли. Така и нивниот главен експонент, најбезрбетниот, најпифтијата во свет, Зоче им врховниот. „Мајсторот“ на лагата и провидението, лидерот со три први девојки…

А, а посакал да излаже и измајмуниса раја северна (читај желна за пари), ЗЗ се претварал во нешто што не е. Чигаљ Макс и Худини вода да му носеле. Па така, нема-нема, Зоче ќе изненадел и ќе станел правдољубец. Цепки бил. Ќе му се стемнело, па и економист најголем бивал. Катастрофа. За човекољубец, мизантропчето посебна чири-бу, чири-ба дарба имало. Филантропска пародија. Муртинецот знаел да глуми и доблесен Европјанин. Тука во превртливоста се наоѓале. Човечето кое застанало со наобразба на Зоки Поки, глумело и ерудит. Трагикомедија. Да, не дека бил многу умен, ама знаел да излажира и дека е најнедоквакан суртук паднат од Марс, за да полесно му простат, та тресел зелени,гафови, црни бисери, зелени глупоштии. Оти, така испаѓало дека недоветен бил, па не можеш на идиот со IQ 33 да му замериш, нели? На будалите се’ им е простено, вели народот. А Заев цела кариера му се шлепа на таа евтина финта,…

Арно ама, една трансформација му била најтешка у свет. Се’ бивало, ќе станел и Вулканец по потреба, Борг многу поверојатно, Сит негативен уште поарно му лежело, Ференги му се сакало најмногу, мењавал и раси, ама едно нешто, една промена, една нација најтешко му паѓала. Најкабаетлија и најлут бил кога требало да излаже дека е МАКЕДОНЕЦ… Оти, мака голема било тоа, го жегало, го пржело, да имал совест и таа ќе го печела, ама кога морал поради ефект и политичка лакрдија за политикантско-пулистички поени СДССС-овски да стане она што најмалку бил и што најмалу му лежело, душа го болела. Ок, ќе го болела да ја имал де…

А пред некој ден, морал. Не сакало пустото чедо, црпнато од нивата, копањето, опинците и пиперките од самарјанинот од ридот, ама целта била поголема од него. Од неговот 33 IQ уште мнооогу повеќе, ама што се морало, се морало. А сценариото било едно те исто. Излегува Зоранчо, глуми Македонец, комуњарите паѓат во несвест, а Македонците црвенеат од срам и чадат, па за ден-два максимум истиот тој Заев се демантира…

И така, ЗЗ би „Македонец“. Лажен де, ама хартија трпи се’. Само Македонецот трпи повеќе од неа, докажано. И излезе и залелека наследникот на милователот на бели линии, дека небаре со две раце Резолуција за црвени линии ќе потпишел. Уууууу, јак ефект предизвика, се стресе државата северна од актот државнички на Муртинхаузен. Македонија јок. Ајт бе таму, уште од старт и ова ви беше северороденче, исто ко и името насила стокмено во 2018-та. Мртво, пред и да се роди идејата непрокопсана…

И знаевме, исто ко дека и утре ќе изгрее сонцето, дека и Заев ќе уцени со северната му идиотштина, за да ја стави опозицијата македонска во небрано и за да истовремено и учини на бугарската му банда побратимска. Пет минути по неговата изјава кажавме. И? Па не дека сме толку умни, туку некој пак ја потценува интелигенцијата на народот и ја преценува својата. Што рековме дека ќе стори продавачот на пиперки кој со тоа ќарил неверојатни 2.4 милиони марки? Дека тресе неверојатна глупост која не му личи ко и патриотизмот  и дека исто ко што од секое гранче свирче не бива, од секоја дилајла родена на овие простори не бива Македонец. И не би, ЗЗ очекувано, уценува со северната му глупоштија и нејзино вметнување во Резолуцијата. Контра флагрантниот бугарски фашизам, побезрбетно здравје. Башка, Резолуција на која толку „орно“ и неприродно. толку бргу и апансас се согласија северџаните да ја потпишат. Ццццц, ама сте инвентивни и промуќурни, ко ланскиот ви снег или ко мамурлукот на Шилегов. Класика…

Туку, од гледна точка на Македонците, Зочето пак се зезна и извесла. За сите пари. Знаете зошто? Епа, ЗЗ инсистира во Резолуцијата да стоело УСТАВНОТО ИМЕ. Само, ЗЗ, за информација. Тоа е МАКЕДОНИЈА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Било и ќе биде. Ова на кое типуваш и за кои коси кубеш и вени сечеш е неважечко, привремено, попривемено од ФИРОМ исто од вас во 95-та стокмено, ама скроз. Тоа што името сега насила почнува на веќе крајно омрзнатото и бљак за секој нормален „С“ е, било и ќе биде само една несеризона лукративно-опортунистичка и антимакедонска авантура, статива, глупост на еден најцрпнат копук. Ќе потврди и историјата, блиска. Сакате да се кладиме? Оти наспрема минливоста на авантурата на Зоче, таа е вечна е, била и ќе биде. МАКЕДОНИЈА. И да, не знаат пустите, ама не можеш да глумиш Македонец и да ја сакаш таа на „С“, неприродно е, факт. Не минува…

И можеби, не случајно, РеЗолуција има само една различна буква со РЕВОЛУЦИЈА. Епа, макар на есен, зборот со З, нека биде увертира во оној со В. Оти, Заев повторно гњави со Север за да му угоди на бирократот од Запад и за да му учини на побратимот му од Исток. И, несомнено, пак ќе продаде што не треба. Да, бидејќи нема абер од некаква Зоранова македонска ЕВОЛУЦИЈА, наместо летна Резолуција, време е за есенска РЕВОЛУЦИЈА…