Авганистанците од Кабул и марихуаната од Лесото патуваа кон Македонија, а аранжерот на двете патешествија си ја траскаше главата на Илинденска бр. 2. Не му беше лесно на црпнатиот, мака голема го наваса. Една американска анкета постојано му одѕвонуваше во главата муртинска, мир не му даваше и сон не го фаќаше. „ИРИ, ИРИ, ИРИ!“ му врескаше во тиквата. Избори наближуваа, а тој на терен губеше ко Грчка на времето. Се пуфкаше, туфкаше и чекаше црвениот телефон да заѕвони, да му соопштат радосна вест северџаните дека сматиле нешто, дека смислиле некоја нова ујдурма за да победат и на овие избори. Ама, абер немаше…
Тогаш, во кабинетот му влета Венко, запотен и разбушавен, та со еуфорична фаца се развика со крештав глас, полн со радост во него: -Смисливмееее, јееее, пак ќе тепаме, ју-хууу друже Зоче, јееееее!
Зочето се растрепери, падна во прегратка на Вени, и со солзи радосници и гласче кое му мутираше ко на тинејџер, на муртински ко и секогаш кога е возбуден, загугука: -Лелелееееј другарче, ќе се спасеме ле, најдохте ли куртул, кажи, аман!
Заменикот му далаверски и сопатник во моторџиските тури направи значајна фацка и запелтече: –Знаеш, прогнозата на ИРИ е страшна, скоро 50 насто се подобри од нас, ќе не скршат на локални, џабе ваучери, џабе мито и корупција, тендери, пасоши, државјанства, бадијала вработувања на ангро, ни ветувања за нови веќе не помагаат…
-Знам де знам, мислех нешто ново ќе рекнеш, това се е познато. Ко да ми кажуваш дека Шики е криминалец или дека ќе наместеме нов тендер, ту-ту, сите знаат това, свика нервозно ЗЗ.
Другарчето се собра, па со насмевка од уво до уво галовно срочи: -Да де, те зезам малу. Смисливме стратегија, нова, ќе л’цнеш од среќа, зини да ти кажам, хехехехе! Алооо, ќе се гласа само со уверение за КОВИД-ВАКЦИНА, хахахахаха, ќе ги скршиме!
Зоче се затетерави, трусна во фотељата, издиша силно, се разлигави и извика: -Хаааааааааа, јееееес, бравоооос, ево ти га на Мицко, ју-хуууууу! На кој јунак северџански му текна ваа топ идеја, да му дадеме три тендера по милионче минимум, веднага!
Вени блажен во лицето си кажа: На тројцата, на мене, Стојанче и Раца, се утепавме од мозгање и ни светна во исто време. По милионче на чоек, а? Таман за хациендата у Нерези внатре да средам. Мислевме, се утепавме од мислење другарче, и еве го планот: На нашите у партија ќе им дадеме бланко ковид-пасоши, да делат на северџаните наши само, со поддршката од Шутка и дилот со Алија кои исто ќе добијат илјадници ковид-пасошчиња, вака ќе тепаме гарант, пуздер ќе ги напраиме, на леб ќе ги намачкаме. Веќе се штанцаат на Бихаќка. Башка, ќе плашиме народ со наштимани луди, ненормални ковид бројки на заразени, Баге од фирмата за обезбеѓење што сега демек тестира ќе ни ги штелуе по мерка, никој нормален и онака нема да излезе, само нашите ќе излезат, скоро ко на 15-ти јули лани, ќе ги потепаме. У мртвачница се знае, директива јасна – и ауто да го згазило, дијагноза е ковид. Ќе победела опозиција, хаааа, ево ти га на!
Зоче седеше и плачеше од среќа, го гушкаше Венко и како „увек“ кога е емотивен, почна да му раскажува за Шутка и притворот за „Глобал“, па како се плашел дека пак ќе заврши во затвор, а докторот го милуваше по главчето и му даваше дијазепамчиња и мирно сонче, подготвувајќи го за свечен пречек на првата тура Авганистанци, по што на истата писта требаше да направат „добредојде забава“ и за неколку тона ганџа од Лесото, која требаше малу да го подобри квалитетот на онаа Вицевата, марихуана која пустиот премногу ја прскал и „упрскал“, мислејќи дека е со неа треба ко со оние отровните му корнишони. Пуста навика…
На Бихаќка се спремаше журка, а небото над Македонија и натаму се’ повеќе и повеќе се затемнуваше, ковидосуваше и зацрнуваше, без абер и изгледи за разведрување…