сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Северџани на гурбет в Крушево

Северџани на гурбет в Крушево

Македонците оделе, одат и ќе одат на гурбет во Берлин, Лондон, Париз, Виена, Мелбурн, Торонто… Северџаните, пак, имаат друга, поблиска дестинација. На Илинден одат на гурбет в Крушево. Одработуваат пустите за партијата и за да си ги заддржат бедната работичка/платичка/тендерче/унапредување кои истата таа партија им ги дала. И одработија, видовме. За сите пари…

Така, северџанските гастарбајтери на Илинден, свет ден за секој Македонец, ден кога да се работи е грев, се „утепаа“ од работа. Работеа по налог на Таче на Мечкин Камен, малкумина на Пелинце, а најпривилегираниот дел, северната елита сработи и во Прохор Пчински.

Што им беше работната задача? Одеа со ваков опис на работно место: Глуми дека те интересираат Илинден, АСНОМ и Македонија, надвикувај ги Македонците, туркај ги, с’скај ја полицијата да ги оддалечува од Ќуран и компанија, заканувај се по жени и деца, агресивно покажувај мускули и едноставно, биди си она што си – Северџан!

И ја исполнија задачата пустите, видовме убаво еден јасен спој на рехабилитирани комуњарски криминалци и полиција на Обиџуко во улога на турски аскер, една окримороска северна симбиоза во одбрана на неодбранливото, агресивен чопор во заштита на Ковачевски и бандата, ракоплескачка болумента „на копче“ дојдена со платен превоз, сендвич, дневница и нарачка да одглуми баланс, да не го остави Таче да го доживее она што и покрај батаљонот гурбетџии го дочека од народот. Да биде исвиркан и отеран онаму каде што треба, по заслуга.

И не прашувајте се што мајка Ќуран воопшто и бараше на Мечкин камен, не трудете се да сфатите како овој лик без чувства и трунка емпатија кон сопствениот народ бессрамно зборуваше за свети работи, поганејќи ги. Не надевајте се ни дека Стево ќе го задржат и замонашат во Пчински за да ги отплати гревовите кон Македонија, уште помалку дека Северџганите кои беа гастарбајтери в Крушево некогаш и ќе разберат дека таму се оди со исконски порив за оддавање почит на Илинденците, не на партиски гурбет и по наредба, не мачете се…

Се’ поочигледно е дека живееме во два паралелни света, Македонија и Северна. Јасно е дека воопшто не се разбираме со луѓето кои тврдат дека го говорат и демек го заштитиле македонскиот јазик, а со кои ни со преведувач не можеме да комуницираме. Северни ликчиња за кои ништо не е свето, лукративни Едиповци со Електра комплекс кои немаат проблем да и е..т мајката на сопствената татковина, лицемери кои до утре сабајле ќе ве убедуваат дека се припадници на народ чија историја со песна ја менуваат и продаваат, дилајли кои во име на некаква си забегана иднина немаат проблем да се откажат од своите револуционери, предци, светци и дејци, заблудени неолиберални хохштаплери за кои патриотизмот е примитивизам и кои со страст и без мака нон-стоп верглаат за некаква си северна, имагинарна држава.

Факт е дека станува се понеподносливо, а растечкиот антагонизам во Северниот Апархејд  е се’ повидлив, како и разликата меѓу Македонецот и оние крушевски гурбетџии на кои „северна“ не им предизвикува силен нагон за повраќање,

Да повториме, затоа што повторувањето е мајка на знаењето. Што би рекол Вујаклија за поимот СЕВЕРЏАН? Вака би стоело: „Северџан е лукративен лик кој повладува на антимакедонски интереси, опортунистички сребро/кариерољубец кој ја злоупотребува позицијата за руинирање на нацијата и државата, потпушува, сервилно угодува, безрбетно продава се’ што е национално за бадијала и за возврат бидува награден со ултра висока функција која поинаку никогаш не би ја заслужил, т.е. можел само да ја сонува.“

И доста не убедувате дека Македонија ви значи нешто, аман. Не ни ги поганете светиите. Исто како и патриотизмот, така и Македонија, едноставно, не ви прилега…