недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Северната бурлеска за најнеспособната влада и трајно неспособниот премиер

Северната бурлеска за најнеспособната влада и трајно неспособниот премиер

Македонија, конечно, сфати. Сфати и северна. Обично, така и бива во паралелните светови. И додека Македонија и Македонците го слушнаа најочекуваното и најлогично образложение кое не беше никакво изненадување, вистината за северната банда беше многу поразителна и болна. Лидерот партиски и владин им бил трајно неспособен. Со пусулче, црно на бело…

Ако некој нормален и се прашуваше зошто ја имаме најнеспособната влада во историјата, работите полека се разјаснија. А, каква влада би можел да води трајно неспособен човек? Најнеспособна, нели. А, дали рокот на трајната неспособност е само 21 година (2001-20022)? Јок. Или трајната неспособност е ТРАЈНА, засекогаш? Сепак, второто ќе да е, нели?

Епа, драги мои, колку и да ситуацијата е трагикомична, ама логиката е таа – најнеспособната влада во историјата на Македонија ја води еден трајно неспособен човек, верификувано уште во 2001-та година. Факт, пишан, со печат и параф оверено. А, велат, пред фактите и боговите молчат. Само во СДСССС галамат и спинуваат…

Значи, истиот тој Таче, во истата таа година, за да не се бори за Македонија, немал проблем да се прогласи за неспособен?!?!?!? Напротив. По северната логика, му било ќеф на Ќуран, ги зезнал сите пустиот. Тој луд и неспособен, збунетиот збунет, другите знаете…

И по цела 21 година, гледате на дело и сфаќате дека дијагнозата не е случајна, дадена со согласност и одобрување на Таче за да куртули од служење војска за татковината, за Македонија. Нешто што за нас мажите беше чест и гордост. Тоа во Македонија. Во паралелната северна не е така.

Истиот тој Ќуран, тогаш немал шанса да ја смени историјата на Македонија, време кога второцрпнатиот Таче не можел да ги продаде нашите револуционери, светци, предци и средновековие. Арно ама, имал голем потенцијал трајнонеспособниот, па, претпоставуваме, службите уште тогаш го забележале како потенцијална марионета, многу надежен и потенцијален изведувач, чедо кое нема да има проблем да ја продаде татковината за функција. И, не, не се излажале, гледаме 21 година подоцна. Добра проценка. За нечија среќа и наша несреќа…

Се’ се менува, но во последно време само во СДСС вредностите за успех не мрдаат од место. Неговиот претходник и атуелен монарх Црпко исто така дезертирал од АРМ. По неговите чекори и Таче. Зоче продал дел од македонските идентитетски одредници на Грците, Ќуран се обидува да го стори истото за Бугарите. Заев „излегол“ неказнет од истото и уживка на плажа во Егејот, и Ковачевски ќе го стори истото и ќе ленгачи не Черното море?!?!? Или, не ќе може така, научивме ли нешто, за промена????

Веќе ништо не не’ изненадува, толку ли отрпнавме на антинационални глупоштии? Исто ко оној  ступиден обид на Министерството за одбрана да ги пренасочи одговорноста и скандалот со трајната неспособност на Ковачевски. Таму, не, не е проблем што Таче дезертирал, јок. Уште помал проблем и скандал е што имаме трајно неспособен премиер кој е ставен привремено да не продаде на Бугарија, уште појок, најјок.

Проблемот за северниот пашалак е кој патриот во МО ја дал информацијата дека „премиерот“ и преЦедник на СДССССС Таче е тоталка неспособен. Колку комуњарски, нели, колку оваа ујдурма и евтинотија личи на рецидивите од УДБА, ОЗНА, КОС или на Славјанка, Забрчанец и северната банда. Сега, армијата северџганистанковци ќе прави вистинска драма околу „предавникот“, па ќе се вклучат новинарите, аналитичарите и експертите на копче со нарачани изјави и колумнички, ќе ругаат, лелекаат, врескаат. Пак, статива…

Амати дефокусот и дигресијата од проблемот, факт и реалност е дека имаме тотална и трајно неспособна влада, сите до еден во таа клапа, северна фузија на одбрани дилајли. Да, факт е дека само трајно неспособен човек, кога насила ќе го направиш премиер или министер е способен без срам и перде да продаде се’ што ни е мило мило ем драго за да изрази благодарност кон давателот/дарителот на функцијата.

И така, неспособните Тачевци/Заевци ја продаваат татковината, оти само за тоа се способни…