Македонија врие, татни од гнев, бес и чемер збран од злодејанијата на непрокопсаната чета северџгани кои втор пат по ред и забија нож в грб на Македонија. Подмолно, насила и задкулисно, со лага, измами, извртувања, релативизации и шпекулации, апсолутно во нивен стил. Реприза на преспанската капитулација, исто сиже и злодејанија, само дел од актерите сменети. На погрдо…
Најгрдо пак е што сето ова повторно е поддржано од бескруплозната бриселска невеста, која северните идиотски младоженци со Стокхолмски синдром се кандисаа да ја земат со самопринуда, согласни со голем елан да станат домазетовци во сопствената куќа. Најпрво, забегантусите за блудната невеста се откажаа и од сопственото име (не па презиме) за да сега со песна прифатат и цела историја, јазик и генаолошко стебло да си изменат. И така претопени, со полни џебови, да одјаваат кон зајдисонцето, насмејани ко акмаци без акл, со акламација прифаќајќи го поразот, урнисувајќи го сето она за кое гинеле генерации и генерации и уништувајќи се што ќе допрат со поганите северни рачиња…
И додека крвта на Македонецот тромбовски згрутчена од напливот на срам и натаму катадневно пулсира во ритамот на слоговите од светиот збор МАКЕДОНИЈА, лукративните ајвани со доза на шизофреничен триумфализам се фалат дека извојувале победа?!?!?!
Кого победивте бе шутраци забегани, сопствениот народ ли го поразивте? Македонија ли ја победивте? Ги ничкосавте историјата, јазикот , светците и револуционерите ли? Ги кутнавте наземи достоинството, гордоста и честа македонска ли? Си ги победивте сопствените дедовци и предци кои гинеле со истата таа Македонија на усните? Амави победата бедна, мазохистичко-предавнички шапшали.
Ништо не е случајно, однесувањето на опортунистите од СДСССС уште помалку. Истите тие се јаничарите во турско, србоманите во српско, бугарашите од бугарско, најјугословените од екс Југославија, Европјаните од Македонија и последно – Северџани во Северна. Со мега „С“, исто ко и парите кои ги испокрадоа. Интересно, конечно, си одговараат со, макар, измисленото име на државата…
Блазеси им на лицемерите од Брисел што си најдоа вакви корисни идиоти, покорисни здравје, штетници кои и сопствената мајка би ја продале за да оверат некаков успех во кариерата. Ќе речете – па ја продадоа сопствената мајка, ја продадоа Македонија?! Јок, тие не се чеда на оваа прекрасна мајка, Македонија вакви шизофрени алтруисти и угодувачи не раѓа…
Само, аман, тргнете ја таа вештачка и изнасилена насмевка од извитоперените фаци, ќе ви преседне смешката. Мислите дека не победивте, навистина?
Налет и таа странска поддршка, налет и корисноидиотските ви квалитативи, сфатете дека против народ не се оди, а Македонија е вечна. Ви звучи како фраза? Тек ќе видите што е фраза, ќе кукате, нема бегање..
Ви се погодија одморите, горештините и летово, завршивте работа и наредбите, а? Јанлаш сте, одмаздата ќе ви ја сервираме малу оладена, како што е и најслатка.
Без или со референдум, ќе го јадете стапот, оној што остана од морковот со кој го лажевте народот и го терате лукративното стадо северџганско. А кога ќе траснете од власт, ќе го јадете за сите пари, што ги украдовте и по кафани изедовте. Сфатете, можеби ве лажат дека ве љубат Европјани, ве милуваат Грци и дека ве обожуваат до небо Бугари, ама едно е сигурно реалност – МАКЕДОНЦИТЕ не ве сакаат. Не мора анкети да правите, се гледа од Марс.
И како што зад секој гнев и бес се крие голема, огромна болка од која тие извираат, така и предавството секогаш доаѓа од сопствените редови, никогаш од непријателот. На страна што е многу полесно да му простиш на непријател, отколку на „свој“.
Дојде време кога молкот и недавањето отпор станаа предавство. И не, Македонија не загуби дел од националното ткиво со оваа ваша северџганска демистификација, никогаш не сте ни биле дел од нас. Доста се лажеме, не е фер кон Македонија. Вистински Македонец ни со нож под грло нема да рече северна, освен вие, антимакедонска бандо и одродено, диво месо. Ви благодариме што по којзнае кој пат, ни го потврдивте истото. Колку сме, толку сме, токму/доста сме.,,