среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Северни, преплашени мизантропчиња

Северни, преплашени мизантропчиња

Македонија во Брисел паѓаше на црна листа, а во Скопје и околината на екс Бихаќка се посилно дуваше оној северниот ветер. Да, оној кој со себе носи саде гадости, простотилак и мизерија. Главна одлика на СДСС старлетите сега трансформирани во хејтерска армијата функционери, сите до еден црпнати. Кој од нива, кој од кафеана, кој од стажант во училишен ќош, кој од ќорка…

Оти, ај што ги барале со боринче и ги нашле – една шака шапшали кои немале проблем со северната идиотштина, но голема, огромна мака си имал воспитувачот за да ги држи под контрола ајваните, да ги култивира, барем малку. Не му било лесно, ама троа и успејал во тоа Канвас школите за тренирање корисни идиоти. Што со шлаканици, што со дијазепамчиња, а најмногу со ветувања за многу пари. А комуњара ко комуњара, паѓала најмногу на визија за полни џебови, функција, аздис, тендери, курварлук, пијанки до бесвест, ултра скапи џипови, хациенди, па чуму да не и згради ко Шики, нели?  Арно ама, сето тоа паѓало во вода кога пустата корисна дилајла ќе се уплашела од промените кои тропале на врата. Во тој момент, се’ било џабе, ни ганџа ни бело не помагале кутрите да заспијат…

А утре, е кога така ненаспани ќе станеле „сабајле у дванаес“ го мразеле (т.е. по нивно „мрзеле“) цел свет. И пошироко. За Македонија и да не зборуваме. А стравот си тлеел ли тлеел и малку му требало да еруптира ко Етна. А им се „дешавало“ на недокваканите, често…

И така, ненаспани, уплашени од губење на власта и уште па со некоја чашка во себе, си се „отварале“ и се јачале пустите. Не 4 прста, тоа е сексизам. Овие се отварале четири тендера, ова е тендеризам, заевизам ли беше. Тоа им била тарифата, 4 плус минус еден… Очебијно, кога знаеш колку вредиш, дека не те бива и дека се’ што си е само благодарение на партијата ти антимакедонска и идолот ти најцрпнат, не е лесно. Уште потешко е да прифатиш дека ќе леташ како партал кога партијата ќе ти трасне ко што лидерот ти го траскал судството, народот, државата. Претпоставувам, не е убо да знаеш дека ќе поминеш како македонштина во време на Заев…

И додека чекаме во Македонија де задуваат и некои други ветришта освен овие северните, толку полни со антимакедонска реа, очај, злоба и омраза, а притоа си седиме дома и гледаме сеир во новата епизода на „Хотел Македонија“, во силен занес потенцирајќи дека никогаш нема да излеземе на избори во таа клета Северна, цементирајќи ја прикаската и правејќи им ќеф на Заевци, нека не не’ чуди овој изблик на гадости и мизантропија од советници, директорчиња, партијци, активисти и армијата „за дваевче“ тролови по соц-мрежите, особено не „посластиците“ од партиските соопштенија на СДСС, кои се и искрата, прекинувачот за да суријата крвоследници почне да гризе, апе, пцуе, блуе и черечи се’ што не е под северџанската палка. Седењето дома ги држи и нив во фотелјите. А ај што друго и не знаат, но ова е и „нормален“, следствен и сосема очекуван хејтерски чекор на основоположниците на поделбите и омразата, зевзеци кои обожуваат да го исмејуваат блискиот свој, да се хихи-хахо-суваат со патриотизмот кој не го разбираат, ликови родени и одгледани за да омаловажуваат, релативизираат и девалвираат.

Психолозите, пак, објаснуваат дека омразата е природна, примордијална реакција на луѓето кои сакаат, но не можат да го имаат тоа што вие омразените и нападнатите го имате, односно кога поседувате нешто што тие толку многу го посакуваат. Во конкретниот случај, очигледно, нешто што не се купува со пари, уште помалку со предавство на нацијата и татковината. Знаете, она, кога МОЗОЧНО ИСПРАНИОТ оние кои не ги разбира ги нарекува НЕМИЕНИ

Или, ко што вели писателот и мислител Мараболи: „Хејтерите не ме загрижуваат. Тие се само гневни поради тоа што вистината која ја зборувам е спротивна на лагата која тие ја живејат…“