На Зоран Заев одамна му се скинати жиците не само на гитарата, тој е паднат од жицата по која оди, како што сака сам да каже, а верувам дека многу брзо и медицински ќе се докаже дека истото се случува и со жиците во главата. Но неверојатно е како во популарно наречениот ЕСДЕЕС, иако партијата сама се прекрстуваше неколку пати, има прилично голема група на членови, особено во раководството, на кои им се измешани жиците во главата. Всушност, поради оштетените делови во мозокот, новите сеќавања се формираат во хипокампусот, кој е поврзан со амигдалата, што е зона во мозокот одговорна за стравот, анксиозноста и стресот.
Само на ваков начин може да се објасни идејата на Заев за предвремена изборна кампања, која се спроведуваше масовно повеќе од две недели, спротивно на член 69-а од Изборниот законик. Неофицијално, на собирите што ги правеше владејачката партија претежно во средините, каде што веќе постоеја ризични групи, поради завршениот Ифтар, тие на крај на своите презентации, на кои учествувале неколку стотици граѓани, од кои еден дел активисти им кажувале на учесниците “останете дома”.
Каква иронија! Прво, нема ли партијата некое колективно тело кое одлучува како ќе се постапува, некој извршен одбор, кој ќе го разгледа овој предлог, затоа што поголема група може да донесе подобро решение. Затоа и постојат органи на партијата кои ќе донесуваат одлуки. Второ, како може така ноншалантно, без никаква совест и чувство на одговорност, да се почне кампања предвремено, иако тоа не е дозволено. Трето, како може тоа да се стори во време на вака опасна пандемија, каде што главна причина за пренесување на вирусот е групирање на луѓето.
И каков е резултатот? Скоро цело раководство на партијата е во изолација, кандидатката за пратеник – Сања Лукаревска е позитивна на корона вирусот и имаме стотици заболени граѓани. Што сега? Кој ќе биде кандидат на листа и кој ќе оди во кампања?
Но сето ова ретко се споменува. Според некомпетентната комисија за заразни болест “виновни” се, недолжните граѓани кои “наводно” не ги почитувале задолжителните мерки. Тоа го рече исполитизираниот д-р Жарко Караџовски, кој не е надлежен за контрола на мерките, туку да го спречи ширењето на болеста. Незамисливо е колку скапо чини таа ароганција и самобендисаност на власта. Да беа прифатени предлозите за помош од страна на лидерот на опозицијата професорот Мицковски, понудени уште пред три месеци, сега не само што ќе имавме подобра здравствена состојба, туку ќе имаавме и поделена одговорност.
Ова што денес на петти јуни се случи преку 180 заболени во континуитет со предходните денови, кога имавме над 100 заболени и десетици починати, мора да повлече одговорност. Пред се, Комисијата мора да си поднесе оставка, а потоа да се утврдува нејзината одговорност. Ова што се случи е пострашно и од војна. Состојбата и понатаму се влошува, исклучиво поради неспособноста на оваа комисија, а најлуцидна мерка е последниот карантин во дел од територијата на Република Македонија, поради неа денеска бројката е толкава. Вчера имавме невидени турканици на пазарите и редици пред супермаркетите.
Ако денеска е отворен предмет против владиката Агатангел, кој ги повикал верниците во црквите за Духовден (што патем не се случило), тогаш треба да биде повикан на разговор и д-р Жарко Караџовски и членовите на комисијата, кои патем речено се и партиски активисти, за да дадат изјава, како тоа наместо да ги ублажат мерките, целосно ги укинаа. Дали над нив некој вршел политички притисок, дали тоа доброволно го направиле или поради притисокот? За владиката е јасно дека предметот е отворен поради политички причини. Повеќе од очигледно е дека комисијата работеше под политички притисок, тоа се гледа и од резултатите.
Изборите не сакам ни да ги споменувам, бидејќи на секој нормален човек му е јасно дека апсолутно нема место да се разговара за тоа, здравјето и животите на луѓето не можат да се заменат со ништо. Доста е веќе лечење со ПР и самиот Коста Петров, кој несреќно дојде во таа партија изјави дека нема познавања од областа на политиката.
По оставките на комисијата, треба да се изберат нови членови без оглед на политичка определеност и да работата независно. Еве како придонес во борбата против вирусот нека бидат членови проф. д-р Драган Даниловски, проф.д-р Вело Марковски и проф. д-р Никола Пановски, кои повеќе пати имаа корисни предлози.
Министерот Венко Филипче треба под итно да си поднесе оставка, за да не го изгуби и тој рејтинг од два посто, кој го имаше пред пандемијата. Никој повеќе нема доверба во неговите изјави. Тој почна да ги избегнува новинарските прашања, бидејќи или нема одговор или треба да излаже. Порталите пишуваат дека неколку пати се обидел да ги сокрие вистинските бројки. Сето ова ја зголемува неговата одговорност, а во секоја нормална држава постои и одговорност од етички и морални причини.
Од тоа што денеска го пишуваат порталите, ние сме на граница на колапс на здравствениот систем, бидејќи само во болницата ”8-ми Септември” има неколку десетици медицински лица позитивни на корона вирусот. За денешната состојба не можеда има оправдување бидејќи ги надминавме бројките на најсиромашните афрички држави, а на Балканот сме лидери во заразата одамна, па сите држави веќе ги отворија границите, но тоа не важи за нас.
Ова е поважно од било какво признание за постоење на македонскиот јазик и историја, за кое одамна гледаме на ТВ емисии и читаме на портали. Не верувам дека одлагањето на датумот за преговори за неколку месеци (кој и така нема да го добиеме) ќе му биде поважно од спречување на заразата и загуба на човечки животи. Од тоа не се важни ни вреќичките со компири, ниту шишињата масло кои ги делеа наводно членови на “невладина” организација на “семејствто” Заеви, на чело со сервилниот “Коки” за кој треба да се провери дали му работи амигдалата, со оглед дека е под огромен стрес, иако уште не е пуштено видеото за негово учество во аферата “Рекет”.
Неверојатно е како нашата пасивност придонесе да дозволиме да се доведеме во ваква состојба. Но доста е, во Србија луѓето поради ограничување на слободата на движење излегоа на улици. Можеби е време тоа да се случи и кај нас. Претерано трпиме, ајде што не се подобрува состојбата, па уште да не навредуваат дека сме ние виновни и да не држат затворени.
Проф. д-р Александар Даштевски