Кој имал дилема ја нема веќе. Левица не е партија, тоа е фан страна на Фејсбук во која членуваат незадоволни од петиот ешалон на СДСМ и Шарените. Скривница за пропалитети. Затоа. никогаш не видовме од Левица повеќе од петмина во живо. Ги нема, толку се.
Левица не може да собере кандидати за градоначалници. Овие пар комада што ги претставуваат се од СДСМ, баш од тој пети ешалон, кои во СДСМ биле држачи на пароли, делеле државни вазелини, забављачи, или пазачи на паркинг места за шефовите.
Апасиев тренутно е партиска скривница за пропалитети на оние кои не му требаат на Заев. Тоа му е работа, боља нема во моментов. Не му сметало од комита, да стане комунист, па од комунист да стане глобалист, па советник на Катица Јанева, па вдомен од Заев и Трифун Костовски… Нема кај не бил. Еве го сега пред вашата врата, бара гласови. Што сакате, Апасиев за вас тоа ќе биде. Само да не гласате за опозиција, да гласате за него а он, потоа, да ги препорача советниците од Левица “спонтано“ да преминат кај Заев, во СДСМ. Да си се вратат од каде што дошле, кај своите.
На Апсиев богами не му е лесно. Овие избори за него се бити ил‘ не бити.
Он е типичен Шарен соросоид. Од оние за кои Заев вика “се собрале шуто и рогато“, а таму, кај Шарените, се плаќа на рака и се разменуваат мислења. Ти одиш со своето, те плаќаат, и се враќаш со нивното мислење. Тоа е размена на мислења кај соросоидите.
Левица, и фактички, е копиле од неприроден секс помеѓу “невладините“ владини и партијата СДСМ. Од тој зачетен неморал, се понатаму е неморално.
СДСМ е слаб со кадри, па затоа и Апасиев е добар за нив. Се што не чинело, што било шкарт во ВМРО, било оберучке примено во СДСМ и, наградено. И шкартот од ВМРО е премија за овој СДСМ. Се нафатирало, и заминало. Он е само следниот во низата.
Апасиев е следната епизода на серијалот по кој одеа, или одат, шкартовите од ВМРО: Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски, Венко Филипче, Кочо Анѓушев, Ден Дончев, Амди Бајрам… Кои, прилично скапо платени, се преоблекоа во социјалдемокарти, и ја дигнаа корупцијата во СДСМ на ново ниво. Собраа што собраа, и се повлекоа.
Да чинеше СДСМ, да беше “оној СДСМ од ОНА време“ немаше денеска главни играчи да им бидат шкартиовите од ВМРО. Немаше да имаат мака за наоѓање саглам градоначалници, а тие со кои се фалеа дека им се најдобри да ги напуштаат, или да се кандидираат како независни.
Па главните СДС-мовски бастиони: Центар, Карпош и Куманово нема да ги кандидираат сегашните градоначалници со кои партијата четири години се фали. Не. Заев сака послушни, корумпирани, за да зависат од него, а не од својата работа.
Ако е фер, Стојанче Ангелов после сите скршени цигли со глава треба да се кандидира за градоначалник на Керамидница. Ако не е општина, ќе ја напраат они набрзина, само Стојанче да го тргнат од пожарите и поплавите пошто им еба мајката и на партијата и на државата откако го ставија главен за кризни состојби. Он е криза сам по себе.
Нема луѓе за кандидати на избори во СДСМ. Нема. Да имаа, немаше да го кандидираат Сугаре како “нов лик на партијата“. Лик кој Че биде гласан во Прилеп. Кадар за сите намени. Го бивало, па станал комунален инспектор. Сакаш директор, Сугаре бил. Сакаш пратеник, Сугаре бил и тоа. Ако ти затреба министер за јака корупција, тука е Сугаре. Уште само градоначалник не бил. Прилапечани едвај го чекаат, горат по него.
Дека работата е врвка, потврдува и кандидатурата на Петре Шилегов за градоначалник на Скопје. Тешко ќе најдете лик во локална самоуправа кој помалку работел, а повеќе е тепан за скандали со корупција од – Петре Шилегов. Можеби Теута Аруфи му е блиску, ама само блиску, таа тиња во која е Петре Шилегов никој досега не ја допрел.
Коце му остави четири гланц нови булевари, Петре ни дупките не може да ги покрие. Му остави градски автобуси, Петре ни гумите не им ги сменил, ги упропасти скроз. Коце му остави Град на Шилегов, овој го претвори во паланка.
Исчуреа парите од скопската каса, а Шилегов остана кандидат. 500.000 евра за тревник на плоштад, 700.000 евра даде за лимени диносуруси и куќа за пингвини, кај другар му Чомбе во Зоолошка. Од Дрисла направи крематирум за скопјани.
Пред избори брутално купува албански гласови. Им подари за смешни пари на Албанците цело езеро Треска. Им даде 700.000 евра за трева и цвеќиња на некоја тераса во Мавровка. Крстеше улица по Енвер Малиќи, негов другар на кој најголем дострел му е дека бил трговец со алкохол, што е веќе лична слабост на Шилегов.
Има цел ферман на такви матни пари кај Петре Шилегов. Јавни пари, ама овде нема место да се набројат, што не значи дека нема да се објават, такстаивно наброени, наскоро. Пари во скопска каса нема, ама Петре има за викендица во Маврово, слушам и куќа градел… Да не ги спомнувам двата новокупени стана сред Шарената револуција…
Покрај сето тоа, Петре Шилегов ќе биде запамтен и по срамот и корупцијата дека ја продаде градската куќа за 12 милиони евра, а парите – ги снема. И тој ли ќе го гласате?
Е па, читај и склетисуј се Димче Апасиев. Те работат комуњариве како бавча. Те собраа од улица да трчаш за нив, те измерија дека си слаб на пара и ти се брза, па те ранеа со трошки додека они го собраа кајмакот. Буриња кајмак собраа за овие пет години.
Плукај ти по ВМРО и Мицкоски, за тоа си избран и платен. Ќути кога делат меѓу себе милиони од Фонд за иновации на Орданоиски и шарената банда, за измислени вазелини, или тренинг на магариња. Ќути, и терај на суво. Без вазелин. Ако, млад си и речит, им вршиш работа. Има време за тебе. Кат-тад ќе те стаат пак советник во некое корумпирано друштво, како што беше во СЈО, да прошараш и да ја браниш корупцијата.
Ќе те шетаат по партиски портали и телевизии, ти го знаат меракот и нарцизмот. Ти ќе се сликаш, они ќе го товарат магарето. И ќе плачеш зошто не те викаат на Алфа.
Те држат и ранат да лаеш Димче по Латаси и Мицкоски што им сметаат. А плукаш Димче Апасиев – угоре, кон повисоко и поголемо од тебе, па знаеш каде завршува плуканицата во такви прилики.
Немаш ти Димче Апсиев куршум за нас. Мал си, жгољав, лажов и комплексаш. Со чатал не се обара џин.
Кога ќе тргнеш на некој со шест награди за новинар на година, со 30 години уреднички стаж во главни весници и телевизија, а не се негови сам да си се постави таму, мора да имаш поголеми муда од твоите, и да имаш тешка артилерија. Вака, со драње од улица и со чатал, можеш да одиш на равни на себе. На просечни.
Твоето правничко знаење е – нула. Правник не подржува судење од улица, не соработува со корумпирани во СЈО, не дозволува туѓи приватни разговори кои никој не ги вештачел и потврдил да се објавуваат по партиски митинзи, и да бидат докази пред суд. Правник не е дел од невладини кои ги плаќа влада. Правник е против партиски судови со шеријатски 98,3 % осудителни пресуди по обвиненија.
Ти си типичен, прљав шарен соросоид. Ловиш во толпа, како хиена. Живееш за да видиш туѓа крв и мака, навредуваш, лажеш, подметуниваш, се закануваш, задираш во туѓа приватност. Си блокирал на Твитер да не ти ставаат коментари под постовите. Слаб си, се плашиш од критика и од неуспех. Ти броев, само во август на твојот Фејсбук имаш закани со затвор кон 11 луѓе. Ти ќе им судиш, нацистички, од Фејсбук и од улица.
Правник не си. Политичар не си. Лидер не си, Заев и неговите судии те поставија за шеф на Левица. Не си ништо, освен елементарна непогода у пролазу.
А за елементарни непогоди е задолжен спомнатиот Стојанче Ангелов. Твое ниво.
Главната изборна понуда на Левица, во соработка со СДСМ, ќе биде дека граѓаните со послаба имотна состојба отсега мито ќе можат да плаќаат на рати. И тоа е нешто.
Д.П. Латас (30.08.2021)