петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Колумни

“Со оган си игравте, од оган ќе ИЗГОРИТЕ”

“Со оган си игравте, од оган ќе ИЗГОРИТЕ”

„Кој со оган си игра и самиот од него ќе изгори“ – стара македонска изрека.

Стара македонска изрека којa за брзо време (12-ти април), Заев ќе ја почувствува на своја кожа.

Зошто?

За многу работи! Не знам ни самиот од каде да почнам.

Злоупотреби човечки судбини (за малата Тамара зборам), го обвинивте тогашниот министер Тодоров, а не се осудивте да ја кажете целата вистина за тој случај, Мартин Нешковски, „Диво насеље“, „Монструм“ – можеби и најчувствителната тема во историјата на Македонија, мафијашки банди хараат по Скопјево со автомати мислиш во Мексико живееме, алпски воздух ветуваше, а државава на „канабис“ почна да ни мириса… на кратко кажано во стилот на еден наш пратеник, „Маме и е*а на Македонија“.

Да си играш со чувствата на една мајка и татко кога на најподмолен начин им го убија чедото, она за кое деноноќно се борат, го чуваат, она за кое имаа безброј непроспани ноќи, она за кое плачеле кога ќе му се случи нешто лошо и се радувале кога ќе постигне некој успех, најубавото на мајка, она над кое што се надвивала како птица да го заштити од неговото раѓање, треба да си бедник и очајник кој по секоја цена е решен да дојде на власт. За ова Господ ќе ти суди!

Ама народот и државата ќе ти судат за нешто друго. Ќе ти судат затоа што нè претвори во „канабис држава“, делиш лиценци каде ќе стигнеш, ќе ти суди за „Рекет“, за „Глобал“ сè уште не ти заборавивме, а знаеш што никогаш нема да ти прости овој народ и држава, ИМЕТО!!! Е промената на името нема да ти ја простиме, затоа што нè погоди онаму каде што највеќе нè боли, нè  прекрсти, ни ја свитка кичмата (впрочем и самиот така велеше), сето она што со генерации се градеше ти го уништи за пуста власт, за пусти пари проклети!

Пушти криминалци од затвор, а викендов еден таков кој ТИ го пушти од затвор застрела полицаец во Велес. Мафијашки банди хараат со автомати низ Скопје, решетаат, се пресметуваат сами со себе, си ги мерат… ама ниту еден не фативте, ниту еден не одговара за испуканите куршуми, ниту еден не одговара за украдените пари, а Боки 13 и Катица, тие ви се само параван, затоа што бевте фатени со „спуштени гаќи“ па моравте да ги затворите.

Останатото не се осудувате, многу се и потребни ви се за изборите. Ама со или без нив резултатот е однапред познат, ЌЕ ИЗГУБИТЕ, а после тоа како што милувавте да викате ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ (во ИДРИЗОВО мислам).

 

ПС: „Што си дробел – тоа ќе си сркаш“, бадеми и лешници во Идризово нема!

 

Ристе Здравков