недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Сорос, Зоран Сорос

Сорос, Зоран Сорос

На 4-годишнината од Преспанската капитулација во Нивици, додека Македонија се подготвуваше за мега-протест, на Бугарија и се случуваше Македонија, а Црпко се спремаше да стане Сорос. Не е шега, Зоче сака да стане Џорџ, ама многу. Знаете ли како џемсбондовски се претставувал на сон, па и кога уште е нерасонет? – Сорос, Зоран Сорос.

Во време кога вистинскиот Сорос ора на исток, факт е дека новопечениот муртински филантроп тоталка влезе во филмот на идолот му Џорџ. Па по негов урнек новокомпонираниот Црпко „доброчинитељ“ формира фондации, помага со донации и храна по светот, дели ум за справување со кризни ситуации по форуми. Се прашувате, што е следно од репертоарот на Црпко? Спонзорирање на шарена револуција во Мали или Уганда? Купете ајвар и помогнете им на трансродовите во Сомалија?!

Постои и втора опција, она кога муртинско-урбаната легенда за оксиморонскиот мизантропски филантроп со фондација, која е „копи-пејст“ на организацијата ко Сорос, всушност, е само идеја за компензација на „другарчето“ ЗЗ за неприсуството на престолонаследникот Таче во Киев, оти на пустиот многу му фуфкало…

Дали, со 20-те тони струмички земјоделски производи испратени кај Зеленски, најзелениот по киксови Црпко, всушност, вели: „Извини другарче Зеленски, го носев и на бајачка кај Баба Дара и Иван Исцелител, ама бадијала, прпаџија е голем, ево ти струмичка компензација, им ги земав за џабе. Се’ ќе направи Таче, ќе се церека на глупи шали на Еди до утре сабајле, ќе глуми премиер цел живот ако треба, ама не можам да го качам у авион за Украина, страв не е заебанција! Ако помага, и Порошенко ми е другарче!“

Башка, подобро упатените во прикаската велат дека ЗЗ вака со непродаден ајвар со рок на одминување си купувал уште некоја година мир и поени кај сојузниците, да го раатисаат и да не го чепкаат за авантите и рушветот земен дури бил на власт…

Други, пак, велат дека за неколку дена украинските странски платеници на сета мака ќе биле многу, многу посреќни и побезгрижни. Грдата шега во сето црнило е дека освен ајвар-производите кои се гледале на сликите, грото или најголемиот дел од пратката бил составен од една психотропна билка, на која одгледувачот не можел да и најде пласман ни на црно во земјата која пред него се викаше Македонија. Саглам решение на тешкиот муртински таксират…

Шегата на страна, неа ѓаволот одамна ја однесе од Македонија, но вистината е дека Зоран стана Џорџ, ама„скроз“… Зоран Сорос или Џорџ Заев? Зошто, ќе се запрашате? Еве зошто…

Џорџ Сорос или оригинално на унгарски Ѓеорге Шорош во превод би бил Црниот Ѓорги на македонски (Шорош=црн). Нешто ко Црниот Заев со истиот тој „забетониран“ идентитет и  јазик кој ООН сега го бојкотира преку интерни депеши. Е, истиот тој Црн Ѓорѓи во Втората Светска Војна ги продавал своите сонародници Евреи на германските нацисти. Тоа бил стартот и интрото на неговата империја. Првите пари, најважните. Па пребегал „во Америките“…

Црпко го стори истото кон својот народ. Кон Македонците. Откако го црпнаа од муртинската нива, го сторија градоначалник, па чувар на тронот на БЦ, па преЦедник на партија, црпнувачите ги видоа неговите неверојатни и ненадминливи ултра квалитети. Сфатиле пустите, дека ЗЗ Сорос е еден во милијарда. Уникатен лик кој за троа моќ, власт и шака сребреници (башка малу слобода и долари/евра/рубљи/јени) без гајле ќе ги превесла Македонците и со ќеф ќе ги продаде националните интереси, одредници и обележја на национал-шовинистички расположените и секогаш жедни за уништување на Македонија соседи. Случајно, сите земји соработници на нацистичка Германија во периодот кога Шорош ги правел првите пари…

И така, Зоче Соросов, македонскиот основоположник на идеологијата „дај пари и ќе направам се против својот народ“ и на „имагинарната“ Тиранска платформа (така непостоечка и така парадоксално исполнета 90 насто, освен знаме и химна), на Договорот за добрососедство (потпишан лично од него и Бојко Љубави) и на Преспанската капитулација (со параф од квази „разбудениот“ Димитров), сега има фондација наречена „Едно општество за сите“??!?!?! Исто ко Сорос, цццц…

Веројатно, кога ќе му згрешиш на сопствениот народ како Зоран и Џорџ, следна етапа за да се испереш  пред себе и Бога, свесен за злото што си им го нанел е да бидеш за измислено, нолиберално и измислено едно општество за сите. Да, фејк-општество во кое нема нации, нема припадност кон еден народ, нема поврзаност кон истиот, без историја, без емоции. Оти, ако ги има, ќе треба самиот пред себе, пред народот и пред Бога да одговориш – зошто си му го нанел сето тоа зло!

Вака е полесно, полезет за сите неолиберални дилајли, па и за Црпко, Сорос и следбениците. Ќе паламудите за тоа дека сите се исти, за анационалност, за трансродови глупоштии, дека луѓето се родени апатриди, дека патриотизмот е глупост, за фри-сексуални ѓурултии и што ли не. Се’, само и само за да бидете чисти пред себе. Ко септичка јама…

Велат дека Зоќи се спремал за преЦедник на Македонија. Тоа му бил сонот, а затоа и за да испере пари и да „спонзорира“медиуми и подмитува НВО-а и институции, ја оформил и соросоидната фондација. И Стево не е некое откровение, ама само замислете:

Прием на кој се Бајден, Путин и Макрон, оти кај и да е ќе се смират. Таму е и Црпко Сорос претседател, а Таче Ќуран премиер. Едниот треска, другиот се гази од смеење, првиот лупа уште позелена, вториот се ваља по подот, монархот плеска црн бисер, престолонаследникот со солзи тропа со ноџињата и рачињата легнат на подот од цепките на врховниот командант Муртинхаузен. А од страна е Рама кој ги трола и с’ска двајцата западнобугарски и источноалбански суртуци…

Многу е, нели? „Не дај Боже“, ќе речете, „пу-пу-пу“.

Епа, ајде да направиме нешто за да не ни се „деси“ таа забегана комбинација, антимакедонска Црпко-Таче констелација која не ни бега ако останеме така апатични, депресивни и рамнодушни ко досега…

П.С. Ако се оди со институционални средства, опозицијата е крива што не протестирала на улица,требало мнооооогу по хард-кор, со клоци и шамари да се игра. Ако народот сам организира протести, немало луѓе затоа што ВМРО не застанале зад нив. А, ако опозицијата излезе на улица, не излегуваат затоа што сега вмровците собирале поени?!?!?

И после, Цацко ни е крив.

П.П.С.

А, всушност, ние сме најкриви што истиот тој Цацко и цела армија северџгански паразити преку баснословни хонорари и плати ни ги јаде народните пари. Ајде, да ги симнеме Заевци од местото кое никогаш и не им припаѓало…