петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Темелко или кривиот темел на Северна

Најинтересно од се’ е што сета оваа прикаска со „професорот“ Темелко е толку соодветна на северната бајка. И таа се базира на истите „постулати“. На лага, манипулација со јавноста и измама. Несветото тројство на СДСССС. Затоа, искрено верувам дека и Северна ја чека демистификационата и исмејувачка судбина на Темелко. Затоа, чекајте, каде и да е, ко печурки по дожд ќе испаднат и следните „Темелковци“, биле тоа Тричковци, Малевци, Беличанци. Банда ултра платени, преплатени „бранители“, оти во Северна, скапо се плаќа одбраната на неодбранливото и глупоста...
Темелко или кривиот темел на Северна

Ако, воопшто, се прашувавте на што се темели, базира или основа северџанската заслепеност и ултра-ступидните антимакедонски убедувања, ако не можевте да спиете и „кршевте глава“ со дилемата – како некој може да биде толку глуп, туп и неупотреблив и да верува во забегната и опортунистичка прикаска за Северна, доколку имавте каков и да е сомнеж за мотивите кои ги држеа заедно забегантусите сите овие години, одговорот е повеќе од јасен. Ко ден. Не, не Дончев, тој избега во Австралија. Одговорот се вика ТЕМЕЛКО. Тоа е сврзното ткиво. Ги држеа и држат незаслужените хонорари, платички и унапредувања…

Повеќе од интересно е што, за промена, секогаш ултра-парадоксалните комуњари, пустите за сефте и не беа така парадоксални и оксиморонски ко поимот чесен крадец. Јок, сега чедата возљубени во тендерите беа логични, за промена. Да, никој никогаш не бил така насушно и детално ТЕМЕЛЕН во објаснувањето и демистификацијата на северџанството како еден, единствен Темелко…

Сите нишани на едно место. Стекнал титула, Бог знае како, а Колишевски, Црвенковски и Тито уште подобро. Се образувал, знаеме уште подобро како. Напредувал, уште појасно како. Не бадијала, најдобрата изрека вели – „Умен човек лесно може да се образува, но образован човек не може да стане умен.“ Упс, вајстина…

Чекај, каде застанавме? Аха. Има позиција, јали титулар беше, убедување комуњарско исто (не го бива за ништо, а толку многу љуби пари), амбиција голема, агресивност не му „мањка“, Данинг – Кругеров ефект колку сакаш, послушен и секогаш расположен да помогне на каузата, монотеист е – верува само во богот Мамон, нашол и како да ги заработи парите со подлизурковство и лизни-мазни операции и ОП, ете ти фоторобот на совршен северџан. Недостига уште 10 пати во реченица без потреба да вика СЕВЕРНА и работата е завршена, кариерата во хај-лајт, а исплатата од министерството/институцијата баснословна. И северџанот сит и сите СДСССМ-овци на број, џек-пот…

Знаете, како минува времето, владата на СДССССС ни е се’ повеќе и повеќе транспарентна. Ама во буквалната смисла на зборот, проѕирна и провидна ко монархот им Заев. Попроѕирна, здравје. Башка, инвентивна ко ланскиот снег. Ко секогаш…

Туку, најинтересно од се’ е што сета оваа прикаска со „професорот“ Темелко е толку соодветна на северната сторија. И таа се базира на истите „постулати“. На лага, манипулација со јавноста и измама. Несветото тројство на СДСССС. Затоа, искрено верувам дека и Северна ја чека демистификационата и исмејувачка судбина на Темелко. Откако сите, па и „најневерните Томи“, ќе видат дека владејачките северџани се голи (национално, духовно), башка боси (интелектуално и едукативно), а тендерашки полни ко бродови на сметка на оние кои слепо им верувале, веројатно истите тие „сите“ ајвани ќе сфатат дека  некој добро ги извеслал и превеслал жедни преку водата, па ќе се свестат и ќе удрат по „веслачите“ родум од Бихаќка.

Факт е дека имагинарната северна е реална исто колку интелектот на Темелко и бабарогата во ормарот. Иако, и таа бабарога веројатно е поитра од „професор“ кој во извршени работни задачи до Министерство за одбрана наведува партиски ФБ статуси и нарачани ступидни дилајла-анализи. Да, уште пофакт е дека не постои нити северна, нити интелект на изведувачот, се’ е чиста илузија.

Која статива. Се сеќавате на северната глупоштија и идиотските бесплатни здравствени услуги во ЕУ? И тие гарант биле базирани на некој друг Темелко, уште понеинвентивен член на самобендисаното семејство, лик од плејадата дунстери на истата по калап северџанска платеничка банда. И не чудете се што немаат абер од национално чувство, што не ги бива за економија, што здравството им е шпанско село, а енергетиката ја затскриваат со Потемкиновото, за кое не ни знаат што е, ама интересно им звучи. Сите, исто ко северна, се базирани на имагинарната, непостоечка основа на темелот на Темелковиот зевзеклук. Поставени на крив темел. Она, кога опортунистичката база лукративно им се темели на оваа дилајла основа, ццццц…

Затоа, не прашувајте се зошто сме таму каде што сме на секое е.ано поле, што би рекол спикерот Џафери, алијас Командант Скопско. Кога подобро и реално ќе размислите, во однос на тоа кој не води и кој владее со државата, супер сме си. Ставени на ваква порозна, антимакедонска база и криво засадени врз левитирачка основа на зеленашки ветувања темелени на лажги, бљувотини и искривени европски вредности, добро е и што се’ уште сме делумно нормални…

Имам чувство дека каде и да е, ко печурки по дожд или ко платеници по Темелко, ќе испаднат следните „Темелковци“, биле тоа Тричковци, Малевци, Беличанци. Банда добро платени бранители, оти во Северна, скапо се плаќа одбраната на неодбранливото и глупоста.

А најскапата цена ја платија токму Македонија и Македонците…