После паниката и стравот кој се јави во Битола и Кичево по помпезно најавената Агенда 20-24 изработена од бившиот вицепремиер, како и брза енергетска транзиција кон обновливите извори (Зелено сценарио) која беше претставена директно од Директорот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски на трибина во Битола, „Шампионите“ за енергетика се премислија. Популарното зелено сценарио кое упорно го промовираа значи брзо затворање на ТЕЦ Осломеј и после три години затворање на РЕК Битола, како и и нивно заменување со соларни електрани со моќност од, ни повеќе ни помалку, смешни 10 и 20 MW. Преслушувајќи ја лекцијата за енергетика од идниот Премиер на Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и слушајќи ги трибините на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и Кичево, увидоа дека постои светла иднина и за стожерот на Македонската енергетика РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј.
Изгледа „Шампионите“ се фатени во „Офсајд“ помеѓу незадоволството на нивното членство од планираното брзо затворање на РЕК Битола и ветеното „зелено“ сценарио кон Европската Енергетска Заедница во Виена (ЕЕЗ). И наеднаш се премислија. Излегоа на прес на 03.03.2020 со директорот на РЕК Битола и без ни малку срам ја прочитаа комплетната програма на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика како иднина на енергетскиот сектор во Македонија, извинувајќи се дека со агендата 20-24 не мислеле дека во 2025 година ќе се стави крај на работењето на РЕК Битола.
А всушност тоа е и проблемот што тие и НЕ МИСЛАТ воопшто. Не мислеа ни кога ветуваапред ЕЕЗ дека ќе ги затворат Термоцентралите, не мислеа ни кога пред три години ги прекинаа тендерите за Филтри во РЕК Битола. Не мислеа кога го полнеа ЕЛЕМ со сопствени партиски војници, кога ги испразнија акумулациите за да продаваат струја по секоја цена и ја донесоа државата на праг на природна катастрофа. Впрочем и нивниот Претседател и експремиер призна дека не се поставени за мислење, туку за спроведување на „ТРАС, ТРАС“ политики за лично богатење, за потпишување на криминални милионски тендери и раскрчмување на имотот на ЕЛЕМ.
По 12 април доаѓаат промени, доаѓа ОБНОВА, доаѓа правда и ќе одговарате за секое украдено евро и за секој процент кој сте го земале. Народот ќе се погрижи за тоа.
Стевче Антовски