Пола мандат им помина, а македонските граѓани се прашуваат дали општините имаат градоначалници или се оставени на самите себе. Кога би ви солел памет дали некој е подобар или полош од другиот би завземал страна, но целта ми е да дознаете сами имате или не Градоначалник. Процедурата е едноставна а се што треба да направите е да си одговoрите на овие кратки прашања. Прашања има многу а ги издвојувам овие:
- Дали знаете како ви се вика грдоначалникот?
- Дали сте го виделе во вашето маало, улица, населено место да дојде на средба со вас?
- Наведете еден градежен проект кој го завршил ……
- Доколку сте го виделе во кафeaна не се смета !!!
- Доколку сте слушнале за него како вработува партиски челенови и роднини исто така не се смета !!!
- Доколу сте слушнале за него дека наместил јавна набавка игнорирајте, тоа е во главата на ВМРО-вците !!!
- Дали имате дупка на улицата?
- Дали имате прекини на вода?
- Дали ви се затнува канализацијата?
- Дали сеуште немате канализација?
- Дали ви работи улично осветлување?
- Дали воздухот ви е чист а да не дувнал ветер?
- Дали ги гледате новите зелени поршини?
- Дали ги гледате новите мостови?
- Дали имате повеќе ново зеленило или згради?
- Дали можеби ви ја поскапеа водата?
- Дали сте задоволни од хигиената?
- Дали имате повеќе простор за пешаци и велосипедисти?
- Дали ви се исчистени каналите?
- Дали контејнерите се преполни?
- Дали е запуштено се што е претходно направено?
- Дали спортските сали ви се функционални?
- Дали имате мораториум за градба во општината?
Имам уште многу прашања но и овие се доволни да си донесете заклучок. Тој најверојатно ќе биде онолку добар колку што е ликот што се го заокружиле на минатите локални избори а можеби и не.
Сепак, вашата перцепција би било одгворно да ја иградите со мало истражување. Седнете и кликнете го линков https://www.mojotizbor.mk/arhiva/lokalni-izbori-2017.html. Најдетете ја вашата општина и проверете ја програмата и ветувањата во случај да сте заборавиле.
И тогаш донесете самостојно одлука. Имате или не градоначалник. Ви ветуваа ли се, само за да седнат во фотељи и дали иднината на вашата околина е во рацете вистинскиот човек или сте само добро имамени.
Сосем за крај, казната на политичарите кои лажат не треба да биде апстиненија од гласање туку избор на опција кој ќе ви понуди подобро. На 12-ти Април сетете се дека сте побогати за едно многу лошо искуство кое несмее да се повтори.
Марјан Ристески