вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Викенд во Солун, ДОМА СИ Е ДОМА

Викенд во Солун, ДОМА СИ Е ДОМА

Од толку убавини кои ги имаме, вие земавте фотографија од друга држава, да не беше трагично ќе беше комично.

Епа по вашава логика и Солун е наш, среќа не ви текна да земете некоја фотографија од Грција или Бугарија, па после ќе ги нарушевте “добрососедскиве односи“.

Па така и ви треба кога ПР ви водат твитерџии и шарлатани. Толку лош кадар имате у влада што ни Дунав не ве пере… упссс Вардар, јас тргнав по вашава логика дека се е наше.

Старите ова го нарекувале „распашана команда“, ама толку време помина и памет не ви дојде, толку пари дадовте на ПР, а единствено што добивте е шјалм. Ништо да не работевте подобро ќе поминевме.

Со денешнава технологија некое дете да пратевте во Маврово, Охрид, Преспа… ќе ви направеше фотографија „боли глава“ и немаше да се срамите, ај што се срамите вие, ама и нас не срамите бе, светот ни се смее, а фотографот чија фотографија сте украле од жал ни тужба нема да ви лупне.

20.000 евра спи*кавте за кампањава, 20.000 причини да си одите, не ве бива, неспособни сте.

ПС: Солун е наш, Атина ни фали, има уште два три дела за да биде цела!!!

 

Ристе Здравков